Запрепастувачки заработки од видео игри поради пандемијата

SuperData исфрли уште еден извештај за април 2020 година каде е повеќе од јасно дека трошењето на и во видео игри е значително зголемено поради карантините и дистанцирањето наметнато од коронавирусот.

Во април 2020 година, се потрошиле 10.5 милијарди долари, сума која го сруши рекордот од март. Имено, гејмерите потрошиле 17% повеќе пари на игри во април, отколку во март.

Од извештајот на SuperData се гледа дека бројот на League of Legends играчи се има искачено на висина која не е видена уште од февруари 2017 година, а Final Fantasy VII Remake се има продадено во неверојатни 2.2 милиони парчиња, рекорд не само за серијалот, туку и за ексклузивите на PlayStation. Паралелно со ова, Grand Theft Auto V се истакнува со зголемен број микротрансакции во онлајн делот, а исто и Fortnite.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии