Џулијан Асанж, основачот на Wikileaks не може да биде екстрадиран во САД. Ова е одлука на Судот во Лондон.
Судијката Ванеса Баретсер поради нарушеното здравје на г. Асанж одлучи дека не може да биде испорачан во САД. Сега САД имаат 14 дена за жалба, и очекувањата се дека ќе вложат жалба во овој период, пренесе BBC.
Основачот на Wikileaks во САД е обвинет за објавување на илјадници тајни документи со што загрозил животи. Одбраната на г. Асанж вели дека случајот во САД е политички мотивиран.
Судијката Ванеса Баретсер смета дека власта во САД не може да го спречи основачот на Wikileaks да се обиде да си го одземе животот.
Целосниот впечаток е дека станува збор за депресивен и некогаш очаен човек кој стравува за својата иднина.
Г. Асанж во САД би можел да добие максимална затворска казна од 175 години, иако веројатно ќе биде казнет помеѓу 4 и 6 години. Обвинет е за заговор за хакерски напад на базите на податоци на Американската војска за да се здобие со чувствителни информации за војните во Иран и Авганистан.
Податоците кои ги сподели Wikileaks покажаа злоупотреби кои ги правела американска војска, но обвинителите тврдат дека со ова ги загрозил животите на американските војници.