Запознајте се со д-р. Павле спамерот

Но, сега се појави друг принц т.е доктор. Сега за прв пат добив спам мејл на македонски од д-р. Павле Ванчио.

Интересно не се работи за никаков Павле туку се работи за Paul што може да се види од неговиот мејл paulvanxxio119… Преводот е направен со веб сервиси, најверојатно со Google Тranslate, чии преводи пак наликува на некој иселеник што не го знае македонскиот јазик. Исто така има и многу зборови на англиски кои најверојатно Google Тranslate не знаел како да го преведе.

Тоа го приметив откако го разгледав мејлот подобро. Прво што се запрашав кога го видов мејлот е – од каде знае дека сум од Македонија? Одговорот е во следниот пасус.

Секој компјутер има своја IP адреса која ja покажува географската локација. Сите мејловите ја содржат таа адреса, само што клиентите кои ги користиме ја кријат таа информација. Еве совет како да дојдете до IP адресата на тој што го праќа мејлот.

Служејќи се со советот и оваа алакта откривме дека д-р. Павле го пратил мејлот од Нигерија. Иако не може да се биде 100% сигурен дека таа е локацијата, сепак во случајот на д-р. Павле сме сигурни бидејќи овој вид спам измами е познат како „нигериски спам“.

Локацијата е лесно да се открие. Но од каде му е мојот мејл е знак прашалник. Може да биде од неодамнешните пробиени профили на Facebook, може да биде од пробиен имејл… тешко е да се претпостави.

Интересно спамерот не бара кредитна картичка, сметка од банка и слично. Туку бара само име и презиме, адреса и телефонски број. И тој самиот остава телефонски број за да изгледа сериозен. Инаку неговиот број е непостоечки. Можеби станаа попаметни, па методолошки спамираат. Прво кратко инфо и малку информации, потоа втор мејл со многу повеќе информации и поголема доверливост… за на крај да успее да ве измами, да ви земе пари или да ви го украде идентитетот.

Во секој случај му вративме мејл на д-р. Павле да видиме како ќе продолжи измамата.

Совет: Бидете претпазливи кога некој ви дава пари на интернет.

2 коментари на “Запознајте се со д-р. Павле спамерот

  1. ovie spam mejlovi gi dobivav uste pred nekolku godini, isklucivo od luge od africkite zemji, kako tatko mi bese presedatel imamme polinja so kakao i sakame da ti pratime suma od 25milioni doloari bla bla. Zborot mi e deka uste pred da postojat drustvenite mrezi kako facebook i dr. ovie izmami postojat i samo neznam koj debil bi mozel da poveruva na vakva izmama, nikoj vo ovoj svet nema da ti dade ni 2 dolara, a kamoli milioni. Se sto ke sretnete na internet kako poklon ili paricna nagrada za nesto se znae deka e izmamama:)

    1. Не си ни свесен колку луѓе се лажат. Не за џабе уште ги има. Секој ден на интернет има нови корисници кои врска немаат од животот, а камо ли па од ова :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии