Запознајте се подобро со вашиот компјутер со Sidebar Diagnostics

Вашиот компјутер е вашиот најдобар пријател, но колку добро го познавате?

Sidebar Diagnostics е мала, но корисна алатка која ве опсипува со прецизни податоци за вашиот систем, како кој е произведувачот, какви се статусите и температурите на вашиот процесот и графичка карта, колкава е искористеноста на вашата меморија, и колку се оптоварени и брзи вашите хард дискови.

Сите овие податоци ви се сервираат на ретро начин и во форма на странични ленти. Местоположбата и истакнатоста на лентите можете да ја менувате но, и начинот на кој се прикажуваат податоците во нив. Имено, можете да ја менувате бојата, големината на фонтовите и транспарентноста.

Sidebar Diagnostics ви стои на располагање тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии