Запознајте ја Slice, американска компанија која работи од Македонија

Овој пост е првично објавен во Digital Spoiler, и е преведен на македонски јазик и реобјавен со нивна дозвола.


На пазарот за продажбата на пица кој само во САД минатата година требаше да достигне 45 милијарди US долари, Slice управува со веб-страница и апликација. Сервисот им овозможува на корисниците да пронајдат пицерија во нивна близина (од 6.000 регистрирани пицерии) и да порачаат онлајн. Пицериите потоа сами ја испорачуваат храната и им исплаќаат 1.95 долари на Slice за секоја нарачка, без разлика на големината на нарачката. Дел од сличните сервиси наплаќаат процент од нарачката. Со Slice муштериите не доплаќаат ништо дополнително.

Slice е основан од Илир Села – роден албанец, кој пораснал на Стејтн Ајленд во Њујорк. Голем дел од пријателите и семејството на Илир поседуваат и менаџираат пицери во Њујорк и околината. Неговите баба и дедо имаале пицерија на Менхетен во седумдесетите.

Илир Села многу пати бил дел од различни медиуми вклучувајќи ги ReCode и TechCrunch. Сепак, иако не можевме да зборуваме директно со него, зборувавме со генералниот менаџер на „back-office“-от на Slice во Македонија – Албан Османи кој управува со голем и растечки тим од Охрид.

Албан Османи, генерален менаџер на Slice Macedonia

Албан е роден и пораснат во Чикаго, но сега живее и работи во Охрид. Неговите родители се од Охрид и Дебар, и тој секогаш имал желба да живее во Охрид. Постојано го следел развојот на настаните во регионот додека не дојде вистинската можност да му се приклучи на тимот на Slice и да помогне за растот и проширувањето на компанијата.

Како сè ова започна? Кој беше клучниот момент?

Slice е основан од Илир Села, албанец од Дебар, тој е главната причина што влегов во индустријата. Најголем дел од пријателите и роднините на Илир поседуваа пицерии во Њујорк, а неговото семејство поседуваше пицерија на Менхетн во седумдесетите.

Илир Села, основач и директор на Slice

Илир има диплома по компјутерски науки и претходно водеше ИТ компанија, стана експерт за техничка поддршка за пицериите кои ги поседуваа неговите пријатели. Околу 2009 година забележа дека сè повеќе сопственици на пицерии барат од Илир да креира веб-страница за онлајн порачка.

Тој започна да ја истражува индустријата и откри дека во индустрија од милијарда долари, на која доминираат независни пицерии, 90 отсто од онлајн порачките се од ланците на пицерии.

За да понуди исти можности, г. Села го креираше Slice, платформа на која корисниците наместо да ги бара по телефон, можат да се логираат и да порачаат пица од локална пицерија.

Тогаш контактираше со Бутринт Села од Дебар кој требаше да заврши дел од „back-end“ работите. Ова беше win-win за Slice. Компанијата најде квалификувани професионалци, поевтино од платите во САД. Бутринт собра помал тим и ја започна компанијата со 4 вработени, сега Slice има 260 вработени во Охрид, Дебар и Њујорк.

Зошто одлучи да се вратиш во Македонија? Кои беа причините?

До 2014 година со брат ми Бетим Османи најголем дел од животот поминавме во Чикаго, САД. Тогаш одлучивме да се вратиме назад во нашата татковина, Македонија. Верувавме дека има можност на Балканот да се користат талентите кои другите не ги гледаа. Имаше постојан одлив на луѓе од Македонија кон државите на Запад, а не знаевме зошто. Бевме убедени дека ако работиме напорно резултатите ќе следат, а ова мора да биде точно и за секоја држава. Се обидовме во Македонија и пристигнавме летото 2014.

Им се приклучивме на Бутринт и на неговата компанија од 40 вработени, заедно Бетим, Бутринт и јас можевме да ги имплементираме работите кои ги научивме во Америка. Ова ни овозможи да гледаме на бизнисот на друг начин и да се прошириме во Охрид. Можевме да скалираме побрзо и помогнавме да се организираме слично како компаниите во САД. Ова беше поздравено од талентираните професионалци во Охрид и Дебар кои гледаа на ова како на нешто специјално и уникатно во регионот.

„Голем дел од талентираните индивидуалци не се доволно предизвикани“.

Кои се придобивките на компанија од Македонија со клиенти од целиот свет?

Прво и основно, најважно за секој бизнис се трошоците за оперирање. Едноставно, креирање на тим во Македонија е поевтино и им овозможува на компаниите да ги фокусираат своите средства на маркетниг, со тоа зголемувајќи го бројот на корисници.

Но ова е многу мал дел од формулата. Има огромен број на талентирани поединци кои не се доволно предизвикани. Се сретнавме со многу луѓе кои зборуваа повеќе јазици, беа мотивирани, страствени и трудољубиви, имаа воља да надминат било каква бариера…

Не можам доволно да потецирам колку се страствени луѓето на Балкан. Има многу случаи кога технологијата потфрлила, но се враќавме назад во канцеларијатa на Slice и ги прегледувавме логовите, сметам дека единствено страствени луѓе кои ја почитуваат бизнис визијата и мисијата можат да го направат ова. Не може да најдете ваква страст и мотивација никаде на друго место – мора да ги предизвикате постоечките поединци во овие региони.

Што прави Slice во Македонија?

Имаме одговорност за менаџирање на „back-end“-от. Сите тимови за поддршка ни се во Македонија. Од контакт центарот до сметководството, внесувањето на податоци, истражување на пазарот и сè што е потребно за поддршка на Slice. Најголем дел од повиците се повици за поддршка на рестораните партнери и за корисниците.

„Не сме кол-центар како што кол-центрите се познати во регионот. Ние сме бизнис кој нуди можност за напредување во кариерата, слично како во секоја друга компанија и бизнис“.

Членовите на тимот на Slice порцесираат нарачки, градат односи, имплементираат маркетинг стратегија и поддржуваат илијадници пицерии и милиони муштерии од САД. Не сме кол-центар како што кол-центрите се познати во регионот. Ние сме бизнис кој нуди можност за напредување во кариерата, слично како во секоја друга компанија и бизнис.

Што ви е најголем предизвик досега?

Почетокот. Беше многу тешко да ги убедиме луѓето дека сме вистинска компанија од САД која работи во Македонија, но и дека не сме кол-центар туку вистински бизнис кој ја работи истата „бек енд“ работа која ја работат компаниите во САД.

Луѓето не се пријавуваа, не ни веруваа, не веруваа дека тука постои нешто поинакво. До денес, мора да ги убедуваме луѓето дека сè уште вработуваме, поедници не прашуваат: „Но веќе вработивте 10 луѓе овој месец, уште колку ви се потребни?“

Навистина е тешко да им објасните дека постојано вработувате исклучителни таленти.

Најголемиот предизвик ни е да пронајдеме поединци кои можат да работат со квалитет кој се очекува во САД и на Запад. Најчесто треба да ги дообучиме поединците англиски јазик и да им помогнеме да развијат дополнителни вештини, но за тренинг и развој е потребно време, а не е едноствано да се вработат луѓе набрзина. Понекогаш ни требаат луѓе, многу луѓе веднаш, па моравме да се подготвиме да регрутираме работници кои ќе ги тренираме и ќе обезбедиме да имаме квалитетен кадар по три месеци.

На крајот ги надминавме предизвиците, па имаме огромни тимови за тренинг и развој, и за регрутирање.

Кои се некои од најновите и највозбудливи вести за Slice?

Неодамна добивме инвестиција од 15 милиони долари од GGV capital и бевме покриени во  Tech CrunchBusiness InsiderRecode и други големи медиуми. Кога ќе помислите дека компанија која потекнува од Дебар, Македонија сега е на Tech Crunch, навистина е неверојатно.

Средствата кои ги добивме ќе бидат искоростени за побрзо да го прошириме Slice, но и да обезбедиме дека ќе продолжиме да се шириме. Ова значи дека сè досега е само почеток. Ќе инвестираме за да обезбедиме континуиран развој на нашиот тим. Колку повеќе расте и се развива нашиот тим, толку подобро работиме, посреќни сме и подобри сме; на крај ова е корисно за сите кои се вклучени.

Кои се следни планови за Slice? Проширување, инвестиции, возбудливо?

Сакаме да се прошириме на Косово или во Албанија, во зависнот од тоа каде ќе ни биде најпогодно.

Разгледуваме куп можности, од Приштина, до Тирана, но и помали градови како Призрен и други. Сакаме да продолжиме да пронаоѓаме исклучителни поединци кои ќе бидат дел од Slice и ќе напредуваат во своите кариери, а нема да гледаат на Slice како на само уште едно работно место.

Затоа внимавајте на Slice во вашата близина до крајот на годината и ако сте заинтересирани да ни се приклучите, пуштете ни порака со вашите вештини и таленти и како може да и помогнете на компанијата. Секогаш бараме исклучителни индивидуалци кои се талентирани и бараат предизвик.

„Разгледуваме куп можности, од Приштина, до Тирана, но и помали градови како Призрен и други“.

Што би им сугерирале на инвеститорите кои бараат можности во регионот?

Ако само одделите малку време да го погледнете потенцијалот, навистина е тешко да го промашите. Технолошката инфраструктура значително напредна низ годините, а денес има можности за аутсорсинг на „бек енд“ процесите.

Има и огромно количество на талентиран кадар кои не се програмери. Најголем дел од нашите вработени се магистри и течно говорат англиски. Можноста значително да ги намалите трошоците е тука, потребно е единствено малку време да процените кои се можностите.

Постојат алатки кои овозможуваат да се надминат предизвиците за работа на далечина или да имате канцеларија во друга држава. Во денешното техничко општество, постои софтвер кој ви овозможува комуникација без да пропуштите секунда, да ги следите податоците и напредокот на работата, како да се еден спрат подолу.

Конечно, навистина е важно да погледнете на целиот процес и да се запрашате дали е клучно некоја задача да биде завршена непосредно до вас. Она што сакам да го кажам е дека постојано си праќаме електронска пошта и фајлови, или дискутираме преку Slack иако сме во иста канцеларија. Истото може да го правиме и со луѓето кои се подалеку. Секако постојат предизвици, но не е нешто што нема да може да се надминине со добар менаџмент и соодветни алатки.

Дали има нешто друго што сакате да го споделите со читателите?

Она што е најголемо изненадување за нас е колку талентирани и неверојатни се нашите вработени, едноставно не може да најдете вакви луѓе никаде во светот; нивниот придонес помогна Slice да биде каде што треба да биде. Истовремено, постојано гледаме дека како група, млади талентрани поединци на Балаконот, понекогаш се многу демотивирани и постојано бараат начин да ги напуштат градовите или државите и да заминат на Запад.

Она на што не размислуваат е дека работите се тешки и на Запад; проблемите можеби се поинакви и поедноставни за надминување, но ова е единствено прашање на перспектива. Има куп можности и тука, и подобра иднина, само треба постојано да се работи. Мора да почнете полека, да работите, да ги надминувате предизвиците, секогаш да го нудите најдоброто од вас, и користете го секој ден како нова можност.

На крајот, Западот е Запад едноставно бидејќи не постои „не“. Кога Америка беше погодена од финансиска криза, Американците не емигрираа, едонставно мора да се работи напорно низ тешкотиите. Единствено се надевам дека младите од регионот ќе ги дадат своите 110 проценти пред да почнат да бараат други можности.

Има можностуи тука, може да бидете подеднакво успешни, а генерално мислењето, чувствата и размислувањата се дека е невозможно, но ова е многу далеку од вистината. Ништо што му се случи на Slice не е случајност, туку беше тим кој работеше многу напорно и апсолутно ништо друго.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии