Спонзориран текст

Запознајте го Славчо од Vip, првиот четбот кој разбира и зборува македонски јазик

Спонзорирано од Vip

во ИТ.МК, Мобилни, Софтвер, Спонзорирани

Како иновативна телекомуникациска компанија, Vip ни ја претстави најновата технолошка иновација на пазарот – паметниот асистент во форма на четбот Славчо, кој има цел да им помогне и да ги води корисниците низ процесот на избирање на нивниот нов смартфон кој ќе ги задоволи нивните потреби и барања.

Главната цел на четботот е да дава препораки за телефон базирани на претходно дискутираните преференци на корисниците. Оној тежок и исцрпувачки процес кој главно се состои од советување на другарот што “се разбира во телефони” да ви даде препорака или читање безброј рецензии, Славчо го претвора, во пријатно и интересно искуство за корисниците.

Четботот прибира преференци и информации за да дознае кој смартфон ќе им одговара највеќе на корисниците според нивните потреби, навики и можности. Според тоа, Славчо ги избира најдобрите предлози за корисниците со помош на вградениот систем за препораки.

Славчо ги прибира информациите на интересен и забавен начин со тоа што не им поставува на корисниците директни прашања во врска со спецификациите што еден телефон ги поседува, туку се обидува да дознае за што и како смартфонот ќе му користи на корисникот и кои се аспектите кои му се најважни. На овој начин, четботот добива реални одговори и може да формира точна листа на предлози.

Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки. Сепак, најинтресниот дел е тоа што NLP технологијата која што е имплементирана во четботот ефективно разбира македонски зборови со големо ниво на успех, што претставува голем предизвик со оглед на фактот што не постојат доволно ресурси и податоци кои можат да се искористат за тренирање на вештачка интелигенција на македонски јазик.

Ова го прави Славчо првиот четбот кој успешно разбира македонски јазик напишан и во кирилично и латинично писмо.

Со способностите кои ги поседува четботот, корисниците добиваат сигурни и точни одговори на нивните прашања и исто така најдобрите предлози за телефони според сопствените преференци. За да им помогне на корисниците да ја направат крајната одлука, Славчо исто така обезбедува линкови до релевантни извори како што се прегледи, фотографии и видеа за отпакување на смартфони од најпознатите светски канали за телефоните кои се во финалната листа избрана од страна на корисникот.

Ако сте во план да купите нов смартфон и не можете да се одлучите при изборот, направете си муабет со Славчо кој е достапен на www.sakamtelefon.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии