Запознајте го MareNostrum 4, дваесет и петиот најмоќен суперкомпјутер во светот

Убавината секако не е нешто што ви паѓа на ум кога размислувате за суперкомпјутери. Ова сепак можеби и ќе се промени откако ќе го видите дваесет и петиот најмоќен суперкомпјутер о светот MareNostrum 4.

Суперкомпјутерот е сместен во црква изградена во 19 век и е дел од Политехничкиот универзитет на Каталонија. Последната надградба на MareNostrum е направена во јуни 2017 и со неа суперкомпјутерот има максимални перформанси од 13,7 петафлопи. Компјутерот има 6912 Intel Xeon Platinum 24-јадрени процесори или вкупно 165,888 илјади процесори; процесорот е поддржан со 290 терабајти меморија.

Вториот елемент е составен од 4 нови, засега неинсталирани блокови. Првиот е кластер на IBM POWER9 процесори и NVIDIA Volta графички процесори со пресметковна моќ од 1,5 петафлопи. Вториот кластер ќе биде составен од Intel Knights Hill процесори и ќе додаде 0,5 петафлопи и последниот е 64 bit ARMv8 процесор со 0,5 петафлопи. Дополнително, дискот на MareNostrum е со капацитет од 14 петабајти.

„Ни беа потребни стотици метри квадратни простор и можност да се издржи тежина од 43,5 тони. Во ова време немаше многу место на универзитетот и единствено имавме простор во Torre Girona. Не се двоумевме и го поставивме суперкомпјутерот таму“, вели Џема Маспок (Gemma Maspoch), шефица на комуникации за Центарот за суперкомпјутер во Барселона за Motherboard.

Цената на суперкомпјутерот е 40 милиони долари, а досега е користен во различни области, астрофизика, климатски модели и истражување на  геномот.

Courtesy of Barcelona Supercomputing Center – www.bsc.es

 

Courtesy of Barcelona Supercomputing Center – www.bsc.es

 

Courtesy of Barcelona Supercomputing Center – www.bsc.es

 

Courtesy of Barcelona Supercomputing Center – www.bsc.es

 

Courtesy of Barcelona Supercomputing Center – www.bsc.es

 

Courtesy of Barcelona Supercomputing Center – www.bsc.es

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии