Блејк Бостон е едно обично момче кое на 16 години се обидувало да започне своја рап група, и нормално за секој тинејџер – имал свој, малку поинаков стил на облекување. Неговата мајка која користела MySpace, еден ден го фотографирала својот син и го ставила во својот фото албум на профилот со наслов “Ma Gangsta”…

До некаде нормална приказна… се до оној момент кога корисник на Reddit ја споделува сликата на Блејк и додава текст врз неа “Оди на средношколски забави, а има 25 години” на 21 јануари, 2011 година во обид да се пошегува.

За кратко време, постот на Reddit достигнува над 8,500 гласа и сликата добива на популарност, преплавувајќи ги интернет форумите и сајтовите како 9Gag.

Искористувајќи ја сликата на Блејк за да се пошегуваат со неетичко, арогантно и себично однесување, интернет корисниците досега направиле скоро 50,000 свои верзии.

Но, како се справува Блејк Бостон со сето ова?

Покрај долунаведеното видео интервју во кое може да видите и дел од неговите рекции, Блејк ги изрази своите мисли за интернет мемето и во отворено писмо адресирано до девојката зад мемето кое интернет заедницата популарно го наслови “Annoying Facebook Girl.

[youtube]mq-ZvbFL96c[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии