Запомнете и завршете ги вашите обврски со помош на Тodoist

Image Courtesy of Todoist

Todoist има за цел ви помогне да добиете подобар увид во обврските, а потоа да проба и благовремено да ве извести за времето кога треба да се извршат.

Со креирање на акаунтот ќе бидете прашани да наведете само една работа која би сакале да ја направите денес, а потоа една работа која би сакале да ја правите секој ден. Откако ќе одберете дали да добивате совети за продуктивност од тимот кој стои зад овој проект, ќе бидете одведени до предната страна на todoist.

Прелистувачката алатка за Todoist е исклучително ненаметлива и првото нешто што ќе го забележите е елегантниот приказ на двете претходно изберени цели, како и можноста за додавање на некои нови. Со кликнување на копчето Add Task пишувате нова задача, избирате одреден ден, а потоа прецизирате дали е за секој ден, недела или месец. Интересно е и тоа што планираните активности можете да ги класифицирате како дел од одредени проекти, а доколку некоја активност не ја завршите денес, лесно можете да ја префрлите за утре или за некој друг ден.

untitled

Ваквата алатка е највеќе потребна за луѓето кои имаат премногу работни обврски, волја да ги завршат сите, а желба да не заборават ниедна од нив. За жал, најголемите и најкорисните потенцијали на todoist се заклучени зад претплатнички модел од 29 евра годишно, односно неполни 2.5 евра месечно. Со станување претплатник, ќе можете за секоја активност да оставате коментари и да прикачувате документи за споделба со засегнати учесници, како и да добивате потсетници за одредени задачи преку имејл или sms порака. Можете да добивате инстантни потсетување за одредена задача кога ќе пристигнете или заминете од одредена локација, како и бројни други дополнувања и проширување на скоро сите аспекти од алатката.

Тodoist одлично функционира и како апликација за вашата iOS, Mac или Android направа!

todoist-android

Во моменти кога ќе најдете време за извршување на обврските не заборавајте како стратешки да ја игнорирате занесната песна на непродуктивната страна на интернетот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии