Започнува регионалното Overwatch натпреварување

За 1 март е закажан почетокот на првата регионална Overwatch лига RUR OWadria League (ROWAL). На натпреварувањето можат да се пријават играчи од: Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија и Србија. Организирањето на турнирот е на Overwatch Adria и Klan RUR, јави Netokracija.

Тимовите кои ќе учествуваат ќе се бираат преку квалификациски купови кои се закажани за 19. и 25. февруари. Од квалификациите влегуваат 4 тима, кои своите натпревари ќе ги играат следните 5 недели. Натпреварите се играат во среда навечер и недела попладне. Финалето на турнирот е закажано за 9 април.

Image: OWadria

Сите кои немаат екипа, но сакаат да се обидат и да учествуваат на натпреварот, можат да се обидат да пронајдат тим преку Discord или на форумот на Klan RUR. Пријавувањето за сите е бесплатно.

Натпреварите од квалификацискиот турнир, групната фаза и плејофот ќе бидат пренесувани на Twitch каналот на OWadria. Повеќе податоци за натпреварот и за наградите на OWadria.

 

1 коментар на “Започнува регионалното Overwatch натпреварување

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии