Започнува првиот комерцијален сервис за достава со дрон

Alphabet (Google) го лансира првиот комерцијален сервис за достава со дронови. Беспилотните летала минатата година како дел од пилот проект на Project Wing летаа цела година, иако последните неколку месеци чекаа на дозвола за комерцијална платформа.

Во тестовите Google доставуваше храна, пијалаци и лекови, а првите достави на комерцијалните пакети ќе бидат опрема за голф, лекарства и сладолед, јави ABC.net. Други производи кои ќе бидат достапни за испорака со дрон се: леб, чоколадо и слични производи. За почеток доставата ќе биде достапна во стотина домови во предградијата на Канбера.

Првите тестови покажаа дека леталата се сосем безбедни за користење, и во текот на целата година немаше ниту еден инцидент.  Сепак властите долго време ги разгледуваа потенцијалните опасности од доставата со дронови. Сепак конечната одлука е дека нема сериозна опасност.

„Сите безбедносни предизвици се проценети за да нема ризик за луѓето на земја, за имотите или за воздухопловите на небото“, вели претставник на CASA за Guardian.

Google вети дека ќе поработи и на нови летала. Жителите во локациите каде се правеа тестовите се жалеа дека има многу леталата кои се премногу гласни и се слушаат и преку затворени прозорци. Сепак предностите како намалување на загадувањето и поевтинувањето на транспортот се сериозни придобивки од оваа технологија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии