Започнува првиот Bootcamp за развој на ИТ вештини за жени во Македонија

IT.mk редакција

во feature, ИТ.МК

Адева го организира првиот Bootcamp за развивање на ИТ вештини за жени во Македонија, со цел развивање на дискусија и промоција на ИТ секторот пред жени кои што се заинтересирани за пристап во индустријата.

Со овој проект, се адресира мотивацијата на жените да влезат, но и да останат подолго во ИТ индустријата, преку креирање на ентузијастична околина, градење на капацитети и пристап до квалитетни ресурси.

Иницијативата е организирана од тим на искусни ИТ професионалци од Македонија, а истата е потпомогната во форма на консултантство од вработени во топ ИТ компании во светот како Google, StackOverflow, SAP, Udacity, UNICEF и NASA Datanauts.

Проектот ќе биде организиран во два дела, првенствено преку кампања за покревање на дискусија и јавна свест за статусот на жените во ИТ секторот, а потоа ќе настапи и самата 3 месечна програма преку која бесплатно ќе се обучуваат селектираните студенти.

Извор:adevait.com

Причината за реализација на овој проект е намалената свест и малиот број на информации за состојбата на родовиот јаз во ИТ компаниите. На глобално ниво, присуството на жените во индустријата опаѓа значително секоја година, со 11% стапка на намалување од 1991 година па се до 2018 година, со тоа што учеството моментално изнесува само 25% од целосната бројка за вработени во секторот.

Ве повикуваме заедно да покренеме јавна свест и да разговараме на темата со нашите колеги, претпоставени, соработници и пријатели.

За повеќе информации како можете да ја поддржите кампањата, посетете ја официјалната страна на Bootcamp-от или следете ги новостите на социјалните профили- FacebookTwitter or Instagram.

Детали за самата програма, инструкторите, процесот за аплицирање и селекција ќе бидат објавени во наредниот период.

8 коментари на “Започнува првиот Bootcamp за развој на ИТ вештини за жени во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии