Започнува продажбата на Samsung Galaxy S4, првите рецензии се импресивни како и телефонот

Пристигнаа првите впечатоци за новиот Samsung Galaxy S4 чија продажба ширум светот ќе започне од 26-ти април, а во Македонија ќе е достапен во мај. Се чини дека најимпресиониран е Mashable кој го прoгласи Galaxy S4 за најдобар Android телефон на сите времиња. A не помалку импресионирани се и TechCrunch или All Things Digital, кои сепак се понаклонети кон HTC One, пред се поради подобриот дизајн. Замерките се дека Samsung можеби требало да се фокусира на помалку функции, бидејќи во моментов Galaxy S4 може да ги „заплаши“ корисниците кои не се навикнати на вградените и „комплицирани“ функционалности. Најчестите критики се за дизајнот и пластиката кои само му штетат на угледот на импресивниот хардвер.

Galaxy S4 – кој наскоро ќе биде достапен и во Македонија – има 5-инчен екран кој е поголем од тој на претходникот S3 од 4,8-инчен екран. Димензијата на телефонот не е зголемена за да се прилагоди кон новиот екран, туку само се зголемува искористеноста на просторот кој е на располагање. Екранот е Super AMOLED е со 441 ppi, 1080р резолуција. Процесорот е 4-јадрен Qualcomm Snapdragon 600, а европската верзија користи 8-јадрен Exynos процесор кој е дури и побрз од Snapdragon. Покрај ова, телефонот има 2 GB RAM меморија, 16 или 32 GB внатрешна флеш меморија која може да се надгради до 64 GB. Бројот на сензори кои се вградени е навистина имресивен. Телефонот има брзиномер, RGB светлина, гео-магнетски сензор за растојание, жироскоп, барометар, термометар и сензор за гестикулации. Батеријата е 2600 mАh, а корисниците кои го пробале телефонот велат дека е доволно за целодневно „малтретирање” на телефонот, покрај ова батеријата може да се промени што е се поретко во новите телефони. Иако не е револуционерна, сепак новата камера од 13 мегапиксели на Samsung е голем исчекор напред во однос на камерите кај претходниците, иако е само малку подобра од 8 МР камера на iPhone 5, вели All Things Digital.

Очекувано оперативниот систем е Android Jelly Bean, но интересно е што дел од апликациите се оптимизирани од Samsung. Најимпресивните апликации се AirView и Dual-shot. Dual-Shot е апликација за камерата која ги спојува фотографиите од предната и задната камера во една фотографија или видео. Air View пак овозможува истовремено следење на повеќе апликации на екранот. Засега Gesture и Smart Pause не се премногу импресивни пред се бидејќи ограничен е бројот на апликации кои ги користат, а уште поважно, голема е веројатноста да не успеете да ја паузирате апликацијата кога ќе прекинете да гледате во екранот.

Сите аналитичари се согласни дека материјалот од кој се изработува Samsung Galaxy S4 не е доволно квалитетен. За жал телефонот повторно е изработен од пластика, што е и најпосочуваниот недостаток на Galaxy S4, заедно со ограничената употреба на некои од апликациите кои доаѓаат со телефонот.

[youtube]2LHv1FPd1Ec[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии