Започнува продажбата на Frame и Serif во Македонија

IT.mk редакција

во Вести, ИТ.МК

The Frame и The Serif два нови телевизори на Samsung пристигнаа во Македонија. Ова се моделите на Lifestyle линијата за 2020 со која Samsung ќе го освојува македонскиот пазар. Телевизорите се со Quantum Dot AI Upscaling технологија што овозможува поквалитетна слика.

Frame е телевизор со интересна и уникатна функционалност. кога е исклучен има специјален режим на работа во кој телевизорот, во овој режим телевизорот на корисникот му прикажува уметнички дела. „Од класичните ремек дела на сликари, како што се Ван Гог и Клод Моне, преку светските познати фотографии, па сè до модерните и апстрактни уметности, секој корисник има можност да избере дело кое ќе го краси неговиот животен простор“, велат од Samsung.

Добра вест има и за сите кои го чекаа The Serif. Моделот конечно пристига и во Македонија. Телевизорот е добитник на iF наградата за иновативен дизајн. Samsung на овој модел ги додаде и NFC и AirPlay2 опциите за поврзување, за да можат корисниците да ја слушаат музиката од телефонот на телевизорот, без додатни кабли. Благодарение на ова телевизорот може да се користи со Android и iOS паметни телефони кои преку NFC или AirPlay2 ќе ја стримаат музика на телвизорот.

Frame доаѓа во големини од 32 до 75 инчи и почетна цена од 35 200 денари. Serif доаѓа во три големини, 43, 39 и 55 инчи и почетната цена му е 67 900 денари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии