Започнува пријавувањето за проектот ,,Поддршка за вработување на млади”

Агенцијата за вработување на Република Македонија продолжува со проектот ,,Поддршка за вработување на млади“. Целта е да им се помогне на лицата помлади од 29 години полесно да дојдат до работа.

Учеството  во обуката е отворено за сите млади невработени лица, до 29 години кои имаат завршено средно образование, регистрирани во АВРМ. Заинтересираните може да поднесат апликација за учество на обуките во АВРМ во центрите на агенцијата низ Македонија.

Обуката за напредни ИТ вештини овој пат е фокусирана на JAVA8 и ISTQB. Сите кои успешно ќе ја завршат обуката се здобиваат со меѓународно признат сертификат.

Учесниците во обуката за претпримеништво, ќе можат  на крајот да отворат сопствен бизнис. Сите заинтересирани можат да побараат и грант од 4.000 евра за отворање на компаниите.

Учеството на обуки за подготовка за вработување и вештини за барање работа, каде во зависност од индивидуалниот план за вработување, младите невработени лица ќе добијат различен тип на поддршка.

Конечно, продолжува и мерката за практикантство, кое овозможува учесникот да се здобие со работно искуство.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а сите заинтресирани можат подетално да се инфромираат во АВРМ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии