Започнува mobile-first индексирањето на Google

Google објави дека тест периодот за mobile-first индексирањето е готов и готови се да започнат со имплементирање.

Што значи ова?

Досега за индексирање и рангирање системот ја користеше десктоп верзијата на страницата. По промените ова ќе се прави за мобилните верзии на страниците.

Ова ќе овозможи на сѐ поголемиот број на корисници кои пристапуваат од мобилни уреди да имаат подобро искуство онлајн. Уште при самото рангирање ќе бидат селектирани мобилните верзии на страниците.

Освен подолго рангирање на страниците кои се прилагодени за мобилните верзии, ова ќе овозможи и неколку други придобвики. На пример ќе бидат прикажувани снипети од страниците во резултатите од пребарувањето на Google.

Google јави дека веќе започнува да ги известува страниците кои се индексираат да бидат подготвени за поглем „crawl rate“ од Googlebot.

Потегот на Google се подготува од поодамна. Мобилното искуство e поважно уште од пред неколку години кога севкупниот мобилен сообраќај го надмина десктоп сообраќајот.

Вебмастерите треба да ги подготват своите страници, ако тоа не го направиле досега. Содржината нема да биде поинаку рангирана, но страниците кои имаат подобри мобилни перформанси најверојанто ќе бидат рангирани повисоко.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии