Започнува Comic-Con International 2011

Летото е вистинско славје за гиковите како мене. Имаме премиери на филмови, куп нови игри, Е3 и еден од најголемите настани секое лето Comic Con. Оваа година се одржува од 21 до 24 Јули. Конвенцијата е воспоставена од Шел Дорф во 1970 година под името Golden State Comic-Minicon и од 1991 се одржува во San Diego Convention Center. Денес конвенцијата која е четврта најголема конвенција во светот за стрип е позната под името San Diego Comic-Con International. И покрај тоа што на почетокот биле изложувани единствено стрипови со промените во трендовите стана и фестивал на поп културата зголемувајќи го бројот на содржини кои се претставуваат, па покрај стрипови сега се присутни: видео игри, разни друштвени игри, премиери на серии, презентациии на филмови, средби со актери и многу други содржини. Делови од фестивалот имаат и натпреварувачки карактер (еден вид на „Оскари“ за стрип уметници), а листата на номинирани и категориите за Eisner Awards за 2011 е предолга и можете да ја разгледате  тука.

Со оглед на тоа дека фестивалот се одржува во Калифорнија каде филмските ѕвезди се во изобилие, фестивалот е секако еден од најинтересните. Оваа година како секогаш ќе бидат присутни Star Trek, Star Wars, Battle Star Galactica, Lord of The Rings, True Blood, Game of Thrones, Hobbit и многу други култни серии и филмови. Од производителите и издавачите на игри ќе бидат присутни сите кои ги видовме на Е3, а овој пат свои презентации ќе имаат и Blizzard. И секако ќе може да ги видиме и сите издавачи на стрипови Dark Horse, Marvel, DC Comics, Image Comics и многу други.

Најинтересни на фестивалот се самите фановите кои доаѓаат маскирани во своите омилени карактери од серии, игри, филмови, стрипови и слично. Ова е најверојатно единствениот период во кој луѓето со „lightsaber“ во раце и WoW костуми можат слободно без инхибиции да се шетаат по улиците на Сан Диего.

Лани содржините на фестивалот ги видоа половина милион посетители. А картите за фестивалот оваа година се распродадени 8 часа по пуштањето во продажба, и тоа без објавена програма на фестивалот уште на 6-ти Фебруари.  Нецелосната програма на фестивалот можете да ја погледнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии