Започнете ја новата година со колекција на книги од Humble Bundle

Новата година е период кога ветуваме многу, а (обично) исполнуваме малку. Проблемот се чини дека е во незнаење како ефикасно да се мотивираме и организираме, особено на подолги стази. Humble Bundle не го сака тоа и нуди невообичаен пакет од дигитални книги кои ќе пробаат да ве научат да ги отстраните менталните пречки и правилно да се едуцирате во бројни корисни вештини.

За само еден долар, добивате седум книги. The Mental Toughness Advantage е програм кој низ пет чекори би требало да ви помогне да развиете ментална стабилност и да ги остварите вашите животни цели. Brain Hacks ќе ви помогне да научите правилно да се фокусирате и да го зголемите нивото на продуктивноста, а Pilates for Beginners правилно ќе ве запознае со предностите кои произлегуваат од, па, пилатес во сопствена режија. Овие и уште четири други книги се ваши за нешто повеќе од педесет денари.

Во случај да сакате да се почестите со повеќе книги, би можеле да го покриете и вториот платежен столб и, за дополнителни седум долари да отклучите уште седум книги. The Clean Eating Slow Cooker крие 130 рецепти за поздрава исхрана, а Cognitive Behavioral Therapy Made Simple располага со 10 клучни стратегии за справување со депресија, анксиозност, грижа и слични растројства кои му се закануваат на модерниот човек.

Третиот платежен столб чини 15 долари, но отклучува уште осум исклучително квалитетни книги, првенствено насочени кон правилна исхрана и бројни тактики и рецепти за поздраво тело.

Humble Book Bundle: Blood, Sweat and New Year’s by Callisto е пакет од феноменални книги кои од срце ги препорачуваме. По цена од 1000 денари, добивате 22 книги кои ќе пробаат правилно да ве информираат и полесно да ви дозволат да ги остварите ветувањата кои сте си ги дале во пресрет на новата година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии