Започнете да учите C# со Никола Ѓоргиев

Никола Ѓоргиев е Unity Developer кој реши своето C# искуство да го сподели со сите преку YouTube туторијали.

Видеата се одлично склопени едноставни за разбирање и што е вистинска реткост, на македонски. Каналот е прилично нов, а веќе има над 250 претплатници. Во туторијалите ќе пронајдете сè, од чекор по чекор инсталација на Visual Studio/Code, до објаснувања за операции со фајлови, класи и оператори.

Досега на каналот има околу 24 видеа, а ова е баш самиот почеток со инсталација на потребните алатки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии