Започнаа зимските распродажби на видео игри!

Имате пари и сакате да си се почестите со некоја поевтина, а квалитетна игра за време на зимските празници? Поголемиот дел од продавниците веќе палат и жарат со нивните распродажби, така да погрижете се да се консултирате со нашата цела листа пред да посегнете по паричникот. Листата ќе ја надополнуваме со нови распродажби од нови продавници, така да секое ваше навраќање е повеќе од добредојдено.

Steam – Распродажбата на Steam нуди илјадници и илјадници игри. Како купувате игри, така ќе добивате поени со кои можете да купувате ексклузивни позадини, икони, емотикони, како и попуст од 4.5 евра. Попустите се фиксни до крајот на распродажбата, така да доколку најдете нешто интересно, можете веднаш да си го купите, по услов да не го има поевтино во некоја друга продавница.

Epic Store – Најголемиот ривал на Steam нуди значително помалку игри на попуст, но ви дава неограничен број од ваучери со дополнително намалување од 10 евра. Имено, со влегување во вашиот акаунт, можете да земете ваучер од 10 евра. Тој ваучер автоматски се активира за секоја игра која е поскапа од 15 евра. Ние така ја зграпчивме The Division 2 за само 5 евра. По извршеното купување, автоматски добивме уште еден ваучер. Ваквата пракса е функционална се додека купувате некои игри кои се 15 или над 15 евра. Epic подарува и дванаесет игри. Наминувајте секој ден за да си го зграпчите вашиот дигитален подарок.

Good Old Games – Иако го ставаме на трето место, GOG е секогаш нашата прва дестинација за игри. Цените се во фер валута,  а игрите се DRM-Free. За разлика од Steam и Epic, она што ќе се купи на GOG засекогаш останува ваше и имате значително поголеми слободи во поглед на нивното инсталирање. Паралелно со ова, на продавницата можете да најдете феноменални постари игри кои на ниедно друго место не можат да се купат.

Green Man Gaming – Уште една одлична продавница која нуди помал број игри со значително потесни временски ограничувања. Ако нешто сака GMG тоа се еден куп ваучери и вип пристапи. Поради тоа, погрижете се често да ја посетувате продавницата, особено преку вашата VIP страна (попустите на некои игри се тука поголеми), како и да видите да не има некој ваучер за дополнителен попуст.

Gamers Gate – Продавница зад која стојат Paradox издавачите има над 2500 игри на понуда. Официјалната продавница за нас е во евра, но погрижете се да ја проверите и британската затоа што цените на некои игри знаат да бидат пониски (или повисоки!).

GamesPlanet – Оваа продавница започна со распродажбата многу одамна, но сеуште исфрла зделки со полна пареа. Во поглед на јазичните подрачја, имаат четири продажни фронтови и цените на индивидуалните игри можат да варираат. Доколку гледате некоја игра да ви се допаѓа во британската продавница, проверете ја цената и во француската, германската или американската, пред да го донесете вашиот избор.

Blizzard – Нема кој знае што и не е со кој знае какви попусти, но, доколку сте фан на овие издавачи, можете да си се почестите со некоја игра или, во најмала рака, двојно-поевтино животно за јавање за WOW.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии