Започнаа тестовите на Facebook Dating, засега достапен во Колумбија

Дејан Соколоски

во Друштвени мрежи

Жителите на Колумбија ќе бидат првите кои ќе можат да видат како изгледа новата функционалност Facebook Dating.

Друштвената мрежа ја најави функционалноста оваа година, а еве веќе започнуваа и првите тестови. Facebook велеше дека за да ја ограничи злоупотребата нема да дозволи бесконечен број пати да одберете дека сте заинтересирани за некого. Сепак во тестовите компанијата дозволува 100 „интереси“ дневно, вели TechCrunch. Ова во период од еден месец ќе овозможи 3000 допаѓања, што сепак се чини на огромна бројка.

Иако и веднаш по најавата имаше сомневање дека Facebook ќе се обиде да ги замени агенциите за лични контакти, сега тоа е потврдено.

„Целта ни е да го направиме Facebook најдобро место за започнување на врска онлајн“, вели Нејтан Шарп.

Facebook вели дека платформата за романтични состаноци е развиена имајќи ја в предвид приватноста на корисниците. Сепак ќе треба да помине долго време пред Facebook да ја врати довербата.

Што се однесува до начинот на кој функциоира Facebook Dating нема многу разлика од агенциите. Можеби најголемата разлика е податоците кои друштвената мрежа ги поседува за своите корисници.

Корисникот мора да биде постар од законската граница и мора самиот да одбере дека сака да ја користи оваа функционалност. Потоа си креира свој профил за Facebook Dating, додава биографија, работа, сексуална ориентција, слики од Facebook и Instagram и слично.

Она што можеби е интересно е дека пријателите не може да видат дека сте на платформата, иако и тие ја користат.

Дополнително сите кои користат Facebook Dating може да отклучат дополнителна функционалност на која ќе можат да гледаат настани. Во настаните ќе можат да ги видат луѓето кои се заинтересирани за настанот, но и за романтична врска. Потоа може да си испратат текст или емоџи. Штом еднаш е испратена порака, овој корисник не е видлив во листата.

Причините поради кои Facebook ја избра Колумбија се големата популација присутна на друштвента мрежа и развиени навики за онлајн состаноци. На почеток и во Колумбија ќе бидат единствено пробирани профили на заинтересирани корисници, а кога ќе има доволен број ќе бидат отворени и остантите функционалности.

За крај добра вест за сите кои не ја користат Facebook апликацијата. Сервисот е достапен единствено преку мобилната iOS и Android апликација и засега нема најава за веб верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии