Започнаа првите тестови на Hyperloop со патници

Дејан Соколоски

во Вести

Викендов Hyperloop ги одржа првите тестови со патници. Напредокот на технологијата доаѓа од Virgin Hyperloop, откако во тест тунелот во Лас Вегас ко-основачот Џош Гајгел и шефицата за искуство на патници Сара Лучиан се возеа со тест капсулата Пегаз.

Hyperloop излезе како идеја на Илон Маск, но остана отворена за сите кои сакаа да ја развиваат. Станува збор за транспортен систем налик на метро кое се движи побрзо и од авион, но со помал број на патници. Капсулите левитираат над тлото со што не постои триење помеѓу тлото и капсулата. Различни компании кои го развиваат Hyperloop, ја постигнуваат левитацијата на различен начин.

Овие „капсули“ треба да се движат со брзини околу 1200 километри на час, но засега оваа брзина не е достигната. На првиот тест со паници достигната е брзина од 172 километри на час, пренесе Sky News. За поминување на целиот пат беа потребни 15 секунди.

Virgin Hyperloop тестовите ги прави во 500 метри долг тунел со дијаметар од 3,3 метри. Досега се направени над 400 тестови, а максималната брзина на овие тестови е 1079 километри на час. За постигнување на овие брзини со патници ќе биде потребно значително повеќе време.

Во пракса овие тунели треба да бидат подземни и дел од инфраструктурата. Со тоа ќе се елиминираат опасностите од судири и значително ќе се намали времето на патување. Во Vergin Hyperloop се надеваат дека ќе ги добијат сертификатите за безбедност до 2025, а комерцијално технологијата ќе биде достапна во 2030.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии