Започнаа „Promoted #Stickers“ на Twitter, Pepsi е првиот корисник

Promoted #Stickers“ e нов начин за монетаризација кој го воведе Twitter, а веќе ги имаат и првите корисници – Pepsi е првата компанија, корисник на промотивните налепници.

„Навистина ни се допадна идејата, налепниците навистина им овозможуваат на корисниците да се изразат визуелно на Twitter, како никогаш досега, ова им овозможува да бидат креативни. Технологијата е супер. Користи како визуелен хаштаг.“, вели Карла Хасан од Pepsi.

Виртуелните налепници ќе можат да бидат залепени врз сликите кои ќе ги споделува корисникот. Станува збор за слична функционалност како емотиконите, филтрите или анимираните леќи, кои корисниците можат да ги додадат на Snapchat, вели AdAge.

Налепниците и не се преголем новитет, но технологијата зад нив е навистина интересна. Twitter овозможи пребарување по налепница, па налепниците се своевиден хаштаг. Кога корисниците кои ќе притиснат врз налепниците, ќе можат да ги видат сите слики со оваа налепница.

Интересна е промената на фокусот на Twitter, кој од микроблог, фокусиран на текст, сега се обидува да стане далеку повизуелна платформа. Иако слики не се првата асоцијација кога Twitter е во прашање, сепак од јуни се споделени милиони слики со налепници.

twitter20160812