Започнаа подготовките за 20-тиот роденден на Linux!

„Денес Linux е буквално насекаде: во вашиот телефон, во вашиот ATM, во вашиот ТВ, на вашиот десктоп, во кината, во вашиот автомобил и на многу повеќе места од колку што можам да пишам во еден блог пост. Linux е насекаде поради сите.“, вели Аманда МекПерсон, директор на Linux фондацијата.

Фондацијата стартуваше и нов сајт за 20-годишницата со листа на настани кои ќе се случуваат во наредниве месеци, меѓу кои и видео натпревар каде победникот ќе биде одберен од самиот г. Торвалдс. Официјалната прослава ќе се одржи на 17-19 август во Ванкувер, Канада.

Погледнете го краткото видео за брз курс по историја за Linux, како и инфографикот подолу за клучните моменти во развојот на овој оперативен систем.

Кликни за поголема слика.

3 коментари на “Започнаа подготовките за 20-тиот роденден на Linux!

  1. Е за тоа во вашиот АТМ тука во Македонија мало морген или мало сутра. АТМ-ите во Македонија работат на Windows барем колку што јас знам

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии