Првата од трите предвидени распродажби на Steam, стапи на сила и гејмерите имаат на располагање стотици игри со попусти до 95%, сè до 1.ноември. Имате хорор игри во стандардна и VR форма, како и хорор филмови. Сите намалувања ги имате тука!

Неколку часа пред Steam распродажбата, GOG проба да ги привлече гејмерите и со нивната распродажба каде моментно се нудат над 200 игри со попусти до 90%. За дополнителни намалувања на цените, покрај попусти на индивидуални игри, имате на располагање и пакети од игри. Оваа распродажба трае до 2.ноември, а оние кои имаат одредени игри на Steam, можат бесплатно да си добијат и DRM-Free копија преку GOG Connect.

GamersGate исто така побрза да ги скрати цените на бројни игри со попусти до 92%. Дополнителни попусти од 20% се добива доколку се купуваат игрите со Razer zGold. За сè што имаат на понуда, упатете се тука!

GreenManGaming напаѓа со бројни попусти кои знаат да бидат за 20% подлабоки доколку сте логирани додека ја посетувате продавницата. За целосен увид во распродажбата кликнете тука!

Во случај да сакате да си ја пробате среќата и на некои други фронтови, би можеле да ѕирнете што имаат на понуда Paradox Interactive или Ubisoft. Во меѓувреме, Blizzard ги продава Diablo 3 и проширувањето Reaper of Souls со 50% попуст, односно The Rise of the Necromancer за 30% попуст.

Guns of Icarus Online, патем, е бесплатна на Humble Store во наредните 24 часа!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии