Започна спорот меѓу Oracle и Google кој ќе ја одреди иднината на Јаva и Аndroid

Во Сан Франциско започна судскиот спор во кој Oracle тврди дека Google Android ги прекршува неговите патенти и авторските права кои се врзани со програмскиот јазик Java. Софтверскиот гигант бара околу една милијарда долари оштета и забрана на продавање на Android бидејќи Google злоупотребил Java API-ја за Android, кои се, според Oracle, интелектуална сопственост, во „целосно калкулиран потег“ да избегне да плати лиценци.

Обвинувањето околу прекршување патенти не е толку сериозно за програмерите, но тврдењето дека програмскиот јазик е заштитен со авторски права може сериозно да го искомплицира креирањето на апликации.

Oracle вели дека се убедени дека можат да докажат дека Google без дозвола искористиле Java АPI-ja. Еден доказ е имејлот на инжинерот на Google, Тим Линдхолм, во кој стои „Тоа што Сергеј и Лери побараа од нас е да провериме кои технички алтернативи постојат на Java за Android. Разгледавме доста од тие, и сите се лоши. Заклучивме дека треба да се договриме за лиценца со Java под наши термини“.

Од другата страна, Google се брани велејќи дека „идеја, процедура, процес, систем, метод, концепт и откритие“ не може да се означи како авторско дело. Google вели ги извлекле деловите од Java кои се слободни и во јавниот домен, негирајќи го обвинувањето од Oracle дека сакале да се осигураат да ги привлечат Java програмерите кон Android.

Доколку Oracle изгуби во спорот, тогаш можно е да ја изгуби и контролата врз Java. Доколку Google изгуби тогаш ќе мора да го промени Android на кој работат околу 150 милиони уреди. Но, исто така овој спор ќе постави преседан секое користење на програмски јазик да може да се означи како „прекршување на авторски права“. Иако изворниот код на софтверот е заштитен со авторско право бидејќи софтверот е дело, сепак програмските јазици не се бидејќи се алатка. Барем не до сега.

Судењето е јавно, и затоа судијата ги предупреди двата ИТ гиганти дека е можно финансиски извештаи и други доверливи информации да бидат откриени. На судењето ќе сведочат основачите на Google, Сергеј Брин и Лери Пејч, креаторот на Android, Анди Рубин и Џонатан Швартц, поранешниот директор на Sun Microsystems, компанијата која го креираше Jave и која од 2010-та година беше купена од Oracle за 6 милијарди долари.

Интересно поротата на овој спор во кој ќе се дискутира за напредни ИТ програми и нивно користење е составена од луѓе кои во приватниот живот се со апсолутно негиковска професија како фотограф, учител во пензија, поштар, дизајнер, медицинска сестра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии