Започна регистрирањето за конференцијата за друштвен активизам Engage

Конференцијата за друштвен активизам Engage ја отвори регистрацијата за посетителите. Конференцијата е бесплатна, но поради ограничениот број на места, потребно е претходно регистрирање.

Настанот се одржува на 10 јуни, а веќе се познати најголем дел од говорниците. Најверојатно најинтересни говори оваа години ќе бидат настапите на: Биргита Јонсдотир од Пиратската партија на Исланд; Иван Новак од Лајбах кој ќе говори за искуствата од посетата во Северна Кореја; Ирина Гордиенко дописник на весникот Новаја Газета која го откри скандалот со масовното приведување, мачење, а во некои случаи и убивање на ЛГБТ лицата во Чеченија; Ана Биалас член на Change.org; и Михаи Политеану е ко-основач и извршен директор на Иницијатива Романија .

Локална поддршка ќе бидат: авторите на  Фчерашни Новости; Никола Писарев, историчар на уметност и археолог, но попрепознатлив по иницијативата „Го сакам ГТЦ“; поетите Ана Голејшка и Ѓоко Здравески организатори на Астрални проекции; и Емилија Митреска од ММСА Македонска Медицинска Студентска Асоцијација.

Сите заинтересирани може да се регистрираат на веб-страницата на Engage.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии