Започна регистрирањето на .xxx домените

ICM Registry, кој ги дистрибурира .xxx домените на третите страни како GoDaddy, им дава на брендовите и регистрираните трговски марки предност од 50 дена за да си регистрираат .xxx домен, со цел да се избегне „сајбер киднапирање“ на домените.

Покрај домените од порнографската индустријата кои се во групата А, брендовите и марките кои не се поврзани со секс индустријата, или група Б домени, ќе можат да си ги заштитат истите да бидат регистрирани од други корисници, односно да се осигураат дека брендот нема да биде ставен во порно контекст.

По 50 дневниот период ќе следи период од 17 дена наменет ексклузивно за брендовите од порнографската индустрија да си регистрираат домени.

Toп-левел доменот .xxx беше одобрен во март оваа година со цел да овозможи побезбедно сурфање низ порнографските сајтови, односно да се контролира процесот на регистрација на домените.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии