Започна пријавувањето за регионалниот Интернет фестивал – WebFest '10

На фестивалот секој може да пријави веб сајт или интернет маркетинг кампања, кои ќе се гласаат во тек на наредниот месец. Секој посетител може да предложи неограничен број на регионални сајтови (од поранешните ЈУ земји, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија). Критериумот за сајтовите е да се иновативни, добро дизајнирани и со оптимизирана графика и код. Еден сајт може да се натпреварува во неколкуте категории: информативни сајтови, експериментални, за култура, е-владеење…

Пријавувањето ќе трае од 16 септември до 3-ти октомври, по што следи гласање од жири и публика од 4-ти до 31 октомври. Гласањето ќе биде на wfest.org На 18 ноеври ќе се одржи церемонија каде ќе бидат објавени добитниците на наградите во сите категории според оценката на стручното жири како и најдобриот регионален веб сајт според гласовите на публиката.

Повеќе информации ќе најдете на сајтот на натпреварот како и на нивниот Facebook профил.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии