Започна онлајн електронската наплата за паркинг во општина Центар

Услугите на Паркинзи на општина Центар од неодамна се достапни и онлајн. Ова значи дека сите дневни и месечни карти отсега ќе бидат достапни и во онлајн продажба. Дополнителни преку канал за текст разговор корисниците на услугите на ПОЦ ќе бидат во комуникација со претставник на сервисот.

„Веќе од денеска, сите корисници по креирање на личен профил на веб страницата на ЈП ПОЦ ќе можат по електронски пат да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронска наплата за истите и да изберат како опција договорот и/или картичката, во промотивниот период, бесплатно да им бидат испорачани на домашна адреса. Регистрираните корисници ќе добиваат смс и е-маил нотификации како потсетник за истекување на корисничкиот договор, 30, 15 и 1 ден пред истекот на договорот“, велат од ПОЦ.

Корисниците ќе треба да креираат сопствен профил на веб сајтот на ПОЦ и потоа по електронски пат си склучуваат и  продолжуваат договори. Услугите се однесуваат на повеќемесечен билет, дневна паркинг-карта, склучување на договор, дополнување на м-карта или најавување на гости.

Со ова ќе треба значително да се олесни користењето на услугите и да се направи попристапно до корисниците. Дополнително со оглед на тоа дека нема да мора да одат до канцелариите на ПОЦ ќе си заштедат и време.

1 коментар на “Започна онлајн електронската наплата за паркинг во општина Центар

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии