Започна огромна распродажба на игри на GOG!

GOG ја лансираa пролетната распродажба со над 500 зделки чии попусти одат до 90%. Од предлог пакетите имате на располагање омилени игри на GOG, игри со откачени оружја, игри во прво лице, игри кои би ги закачиле на ѕид, RPG игри и игри за гурмани. Пакетите се целосно субјективни и нивното формирање произлегува од личните интереси на вработените од GOG. Попустот е потполно ист и доколку се решите да одите само со некоја игра од пакетите, а не со сите.

Од индивидуалните наслови, кои припаѓаат на добрите стари класици, дефинитивно ви ја препорачуваме Clive Barker’s Undying (100 денари), Bloodrayne 2 (60 денари), првичните Deus Ex игри (200 денари), Arcanum (100 денари), Heroes of Might and Magic III (200 денари) или Sid Mayer’s Pirates (150 денари).

Од релативно „поновите“ наслови, не пропуштајте ја можноста да се дружите со Baldur’s Gate римастерите, колекцијата Spore, Don’t Starve, Dragon Age: Origins, Crysis, Divinity II, Outlast, Legend of Grimrock, Darksiders, како и првите две The Witcher игри.

Што и да одберете, имајте предвид дека GOG е продавница за DRM-Free игри и за разлика од платформите како Steam и Origin, ви дозволува вистински да ги поседувате игрите и да имате целосна контрола врз нив (неограничено инсталирање на безброј системи и бекап во онаа форма која највеќе ви одговара).

Исто така, доколку претходните распродажби се некакви показатели, би можеле да очекуваме на средина на распродажбата да стапи на сила GOG Connect и да ви додели бесплатни DRM-Free копии на одредени игри кои веќе ги поседувате на Steam.

GOG распродажбата трае до недела, 12 март.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии