Започна како интернет мем, а сега Scumbag Steve продолжува како рапер

Најверојатно сите до сега сте запознаени со Scumbag Steve, интернет мем за дечкото кој ги искористува другарите и кој прави секакви себични глупости. Во вистинскиот живот Scumbag Steve е Блејк Бостон, 22 годишен дечко чија желба е да ја искористи својата случајна интернет популарност која започна од неговата слика на MySpace, и да стане рапер.

Вели за Mashable дека не му пречи што го поврзуваат со мемето и секакви глупости бидејќи „тоа го прават луѓето“, и бидејќи му помогнало да стане препознатлив што, се надева, ќе му помогне и со музичката кариера.

Блејк најави дека ќе објавува по една бесплатна рап песна на iTunes секој четврток, се додека не реши да не објавува. Ова е неговата прва песна. Интересно, таа е за Scumbag Steve.

[youtube]DF8cmBV7dRY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии