Започна гласањето за ИТ Награди 2010!

Од 00.00 оваа вечер (со мало задоцнување) започна гласањето за IT.com.mk Награди 2010. Објавени се сите кандидати кои се најдоа во Листата на номинирани и кои беа пријавени во првиот циклус од Наградите, кој траеше од 1-ви ноември до 10-ти декември. Пријавени се повеќе од 220 кандидати во 3 #mkwin и 1 #mkfail категории, од кои најбројна е категоријата “.мк сајт на годината”.

Пред да започнете со гласањето, да ве потсетиме која е целта зад овој конкурс:

“Како медиум за информатичка технологија знаеме дека иновативноста и креативноста се неопходни за оваа индустрија која го менува секој сегмент од нашиот секојдневен живот. Затоа, за да мотивираме и инспирираме, IT.com.mk за прв пат организира  награди за најдобрите, иновативните и креативните умови и проекти од македонската  ИКТ сцена во 2010 година.”

Сите кандидати се објавени со линкови и дополнителни описи на  – www.it.com.mk/nominirani , откако ќе ги разгледате сите пријави, вашиот глас може да го испратите преку следниов линк – www.it.com.mk/nagradi . Гласањето трае до 22-ри декември, а победниците ќе бидат прогласени на 26-ти декември.

Среќно и нека победи најдобриот!

Напомена: Секој посетител има право да гласа само еднаш. За да се избегне злоупотреба и “местење”, се користи верификација според ИП (интернет протокол) адреса и cookies. Се чуваат листи од логови на IP-а кои ќе се прегледаат на 22-ри и ќе се регулира гласањето според нив ако не се ок.

70 коментари на “Започна гласањето за ИТ Награди 2010!

  1. Ви благодарам на сите што гласавте и го подржавте туториали на овој наптревар.Ова е уште едно охрабрување да продолжиме со нашата работа.

    tutoriali.com.mk Team

    Поздрав.

  2. Nemam ni eden pozitiven zbor za it.com.mk i celata organizacija na natprevarot. Vo kategorijata #mkfail na godinata fali bash ova Glasanje za IT.com.mk Nagradi 2010, zashto i onaka vo sekoja kategorija moze da se nominira bash se i sekoj, pa i Baba Ratka za lichnost na godinata ! :)

    Kako IT covek koj e zasegnat od dosegasniot tek na nastanite, ve molam ponistete go natprevarot, i prekinete so ponatamosna blamaza, i na sebe, i na cela IT zaednica vo MK. A za naredna godina (dokolku se resite pak da pravite nesto vakvo), malku poveke informirajte se i procitajte kako treba da se organizira i implementira eden natprevar do uspeshen kraj, stavete ogranichuvanja na toa koj se moze da ucestvuva, zashtitete go glasanjeto…

    1. Kako IT covek, pretstavi se prvo koj si i kazi poobjektivno mislenje za toa shto e #mkfail vo celava situacija? Natprevarot beshe organiziran so dovolno jasni pravila i dokolku ne ti bile po kejf ne si trebalo nikade da se nominirash poshto pretpostavuvam deka si del od onie, ili shto bea diskvalifikuvani, ili pak nemozes da soberes dovolno glasovi za sebe. Ako si toj ochajniot shto saka po sekoja cena da si go krene egoto so nagrada i titula koja shto saka sam da si ja izglasa, moze da ti kazam samo bravo…

      Jasno beshe naglaseno deka nominaciite ke bidat od zaednicata i najgolem prioritet od izborot ke im pripadne bas na zaednicata. A kako shto pishav vo prethodniot moj komentar, ako nekoj saka da mrchi i trola, ke najde nachin. I pak ke naglasam: anketata od Time Magazine, uspejaa da ja namestat od publika, Time koi se ime vo celiot svet, a od druga strana it.com.mk do sega odlicno se spravuva so nepravilnosti vo glasanjeto. A ako IT zaednicata vo Makedonija, reshila da ja izbere i baba Ratka za lichnost na godinata, taka neka bide…

      1. Prvo, Time Magazin ne e IT orientiran site, i ne znaeme koj stoi pozadi toa. It.com.mk bi trebalo da e frontend na site IT luge vo drzavava, ili se lazam? Od IT za IT, i onie "wanna be" IT.Barem do sega imav takvo mislenje, ama ocigledno mnogu sum zgresil.

        Vtoro, postojat mnogu nacini za zastita od "mestenje", i kako sto kazuva deckoto od prviot komentar, najednostavniot e Image Captcha. 70% zavrsena rabota, ako ne i poveke. Ne znam samo dali WordPress Platformata go ovozmozuva toa…

        Treto, ne sum ni edniot ni drugiot ni tretiot od gorenavedenite. Go ostaviv mojot mail pri prakanje na porakata, slobodno moze da me najdete koj sum sto sum i slicno. Ne se krijam. Komentarot go napisav najdobronamerno, i e moe licno mislenje.

        Ako IT zaednicata resila da ja dodade Baba Ratka za licnost na godinata, zasto istata da ne moze da go dodade i ovoj natprevar vo kategorija #mkfail, zasto sigurno ne zasluzuva #mkwin. A zasto bi go smestil vo #mkfail? Mislam deka komentarite si kazuvaat se.

        Pozdrav

    1. idi **********************,ako znaes da napravis podobar napraj go,lugeto se potrudile da napravat nesto i toa napravrno na niv a toa sto glasacite se prosti i alcni za pobeda po sekoja cena toa ne e nedostatok na organizatorite ili pak uste pomalce nubovi kako tebe

      1. лично си гласав чесно и поштено само еднаш, го подржувам натпреваров и секој ИТ настан во Македонија. Ако мислеле организаторите дека им треба помош најискрено ти кажувам дека би помогнал ама никој и никаде не спомна такво нешто. Така да ТИ слободно искажи го твоето мислење!
        поздрав баци!

  3. Здраво,
    Се надевам дека го добивте нашиот е-маил (преку контакт формата) во врска со гласањето и дека ќе ни одговорите позитивно.

    Поздрав

  4. Значи вака…
    1.Натпреварот не е завршен за да го прогласувате за каков ќе биде.
    2. Знаевме дека има начин дека некој ќе се обиде да изманипулира веб анкета (дури и Time.com анкетата за личност на годината во 2009 беше изманипулирана- http://0.mk/5521 )
    3. Но затоа има жири и има логови од секој глас. За тие што не користат Тwitter ова беше објавено:

    “IT.com.mk ги поздравува сите оние кои се занимаваат со лажно гласање на #ITnagradi. Сите лажни гласови ќе бидат избришани наскоро. :)” – http://0.mk/cc3c

    Наградите не ги правиме за нас, туку за да промовираме ИТ заедница. Наместо да кукате како некој краде гласови (за кои има логови и жири) обидете се да дадете корисен предлог и критика.

    1. како што ти одговорив претходно нема да може да ги филтрирате ботовите и "лажните" гласови ако добро ги направиле ботаџииве. А ти реков ставај капча … тогаш ќе си имаше мака барем со кликераџии :)

  5. Mислам дека наградиве се најголем #mkfail заради можноста за манипулирање со резултатите. Каков и да е исходот од гласањето, никој нема да му придава значење бидејќи целиот кредибилитет е веќе урнат.

    – Еј абе знаете ____________ е прогласен за ИТ личност на годината!
    – ИТ личност на годината? Од кого?
    – Па од it.com.mk оној натпреварот бе…
    – Ааа да.. имаше нешо такво… ама шо, местено е гарант бе, чув дека многу лесно се ставале гласови …

    ***********************
    Дамјан и Виктор, мислам дека е ОК да признаете дека идејата не ви се изреализира онака како што првично замислувавте….

    1. Знам дека ко дрвен адвокат реплицирам и станувам можеби досаден ама ајде последна реплика. :)
      Што е до кредибилитетот, урнат е на тие кои едноставно не го свакаат духот на натпреварувањето и по секоја цена сакаат да прикажат неков си доминантен успех, листата која моментално е истакната за тоа кој како котира воопшто не ми е релевантна поради наведеното дека на 22 ке се листаат логови (верувам дека е така).
      Четвртата подточка ми е типична македонска рекла казала таков муабет ке чуе и се да помине во најдобар ред (те молам поправи ме доколку грешам).
      Искрено се надевам дека ке се остави простор стручниата екипа да го има крајниот збор …

  6. Aj ja molam administracijat ad ago proveri logot na daily.mk.Sajtot pred polovina cas nemase ni 30 glasa sea ima 700.Pa kolku saka luge neka glasaat 700 glas au 10min nemoze da napravi.

    AKo e ova fer natprevar ke proverite.

    blagodaram.

    1. Драг пријателе толку е очигледно за дејли (сопственост на итеа која е сопсвеност на игор јаневски) превземени вести од други македонски портали типично нели …

      Натпреварот е фер но учесниците не се :)

      1. Гледам дека е "убаво организирано" ова против нас, секоја чест… Само незнам што толку ви згрешивме… У ствари не требаше ни да се пријавиме по се изгледа…

      2. Трикстер батко право во месна индустрија ле леееееее бот бреее!
        Како е фер натпреварот објасни … нешто не ти беа јасни коментарите пред неколку дена … :@

      3. Ова се граничи со "slander", ако не знаеш што значи провери. Истово оди во прилог на тоа што сакате да го постигнете овде…. Daily, Игор Јаневски и Итеа ќе бидат тргнати од листата на наше барање, Ви успеа… Што повеќе сакате….

      4. @dailymk
        Хех conspiracy јбг моравме ( множина пошто незнам на кого се се обракаш ваљда не ме персираш) еве ти образложение : прекрасен сајт кој просто изобилува со информации за самата фирма, ке го скокнам делот за игор ептен нема смисла (чисто од почит према познаник) , за дејли ухх од каде ли да поочнам толку уникатни содржини има што стварно ме оставаат без коментар … (предпоставувам бараше личен одговор тоа би било во кратки црти).

        @Невенчо
        Почитуван експерте би те замолил доколку лично не ги знаеш луѓето на кои им се ораќаш да не им доделуваш разни епитети ( ке станеш полнолетен ке изградиш некое ниво на култура се надевам).
        Што е до натпреварот ( коментарите се индивидуални мислења) предпоставувам луѓето кој се решиле на ваков потег имаат некакви си познавања од ит сверата и се свесни за пропустите и не мислам дека немаат некакво соодветно решение. Да те/ве потсетам натпреварот нит е завршен ни има некакви си резултати така да премногу е рано да се впушташ во ветер во магла коментари.
        Чисто информативно не завземам некаква си страна да бранам некој организатор него едноставно изразувам свое мислење …

      5. Каква врска има оригинална содржина со тоа што си некој бот ставен да куца рандом текстови на коментарите… Никаде не стои дека Daily генерира содржини ниту пак се занимава со графички дизајн… Поентата на daily.mk е толку поголема од тебе колку што пробуваш да го докажеш обратното…

        Ако имаш нешто конкретно да ми кажеш мене можеш да ме најдеш (најди го телефонот, закажи состанок со мене) па ќе седнеме да направиме муабет во спротивно немој пак да продолжуваш со "slander" (ваљда го виде што е тоа , сериозно е) кога ниту имаш факти ниту имаш (по се изгледа) доволно познавања за да збориш…

        Тоа дали е conspiracy или не, ќе оставам на админите да решат, ние се оградивме од ова, а ваквите како тебе само ми потврдуваат што се случува во мк. И да , не те персирам, туку зборам за група луѓе (како што овде успешно ги викаат тролови) кои немаат попаметна работа отколку да навредуваат (лично и професионално) и да им "забрануваат" на другите луѓе да си го кажат мислењето…

        Бај д веј, ти не завземаш страна? Ова е најголемиот fail што сум го видел… Образувај се малку па после коментирај, направи нешто па после коментирај…

        Се извинувам на другите луѓе што се приморани да го гледаат ова, ама да коментирам некој од дискусијава…. if (IQ > room temp) треба да е капчата овде…

      6. Бидејки надвор од контрола отиде муабетов ке пробам на кратко да ти објаснам.
        Изгледа не успеа да прочиташ (коментарите се индивидуални мислења) значи лично мене не ми се свиѓа дејли порати горенаведените причини, ако навреда е " типичен македонски сајт " еве ти јавно извинување, друга навреда како што тврдиш стварно не гледам во моите коментари. Ако некој има спротивно мислење не значи дека "забранува" некому да го каже своето мислење немој со вакви инфалтилни работи. Последните два реда нема да ги искоментирам чисто да не ја развлекуваме работава. Кога веке си изложен на некаква јавна дебата научи да примиш и критика и пофалба, муабети на лепе очи дома.
        Поздрав и се најдобро.

      7. Па очигледно не си информиран доволно ако за тебе тоа е типичен македонски сајт. Наброи барем уште неколку што го прават тоа така…. Проблемот е дека неинофмирано донесуваш заклучоци и јавно напаѓаш а тоа што го кажуваш е апсолутно невистинито… Нормално дека сме отворени за критики и коментари ама кога се издржани е не кога доаѓаат од омраза… Незнам што го иницирало тоа кај тебе , кажа дека ме знаеш па повели….

  7. Добро е мада нетребало толку очигледно да биде дека некој нашол " интересен ' начин како да гласа . Ах игорче игорче штета што и за фејл немаш нешто номинирано хахах јбг можеби заборави дека е ова ИТ сфера каде што луѓето колку толку имаат некои познавања од истата штета што не е битпазар може и ке поминеше незабележано …

    Иначе одличен "дизајн" на страната имаш +1 глас од мене хах

  8. Ме зезате вие мене бе? Сакате да ми кажете дека сајтов за попови има највеќе гласови и тоа по вас е нормален, ненаместен избор? Мајко моја, кај живеам. Ц ц ц ц ц

  9. Со тоа што е прифатена номинацијата секој сајт има еднаква можност и право, не велам да победи, туку да има најмногу гласови од својата публика. Според мене можеби подобро ќе беше да се организираа сајтовите во неколку различни категории (забавни портали, блогови, е-владеење итн.) бидејќи листата е навистина долга.

    Јас лично преферирам едукативни сајтови, сајтови со авторски содржини или некои нови корисни сервиси. Сајтови со копи/пејст информации од типот што ѓубре ставила Лејди Гага на глава би ги елиминирала од старт. Но, и тие си имаат своја публика. Да се надоврзам на Стефан погоре што кажа, од целава работа јас можам да заклучам дека ниедна бројна публика не може да постигне тоа што може лојална публика. А лојална публика се добива доколку секојдневно си во интеракција со нив, долку им обрнуваш посебно внимане на секој од нив и долку ја наградуваш нивната лојалност http://preminportal.com.mk/content/view/7473/1/

    Така да, доколку нема некои технички малверзации, не гледам ништо спорно во ниеден од номинираниве да добие најголема поддршка од своите посетители, а со тоа и потенцијално да победи.

  10. Се надевам дека гласањето на жирито ќе биде малку пофер со своето гласање затоа што како што стојат работиве според гласањето на посетители, рангирањето нема врска. Мислам океј, општина не знам која, премин портал, све тоа океј ама сајт на годината?? Па мислевме дека се избира нешто ново, нешто креативно, нешто што немало до сега, осмислено и сработено добро, често апдејтувано? Се надевам дека жирито се малку подобро упатени и имаат малку поразлини односно подобри критериуми за оценување зошто ова врска нема. Поради ваквите работи никогаш кај нас ништо не успева и све е наместено. Има само 5-6 сајта на оваа листа што вистински ја заслужуваат титулата… Баш да видиме дали некој од нив ќе биде избран или ќе биде избрана општината… или премин портал што се скинаа од гласање сами за себе :D

  11. До сите IT експерти од претходните коментари – Колку и да барате начини за hack-proof решение, односно да си ги мерите … умовите де … секогаш ќе се најде начин да се заобиколи. Погледнете го примерот со Time Magazine –> http://techcrunch.com/2009/04/27/time-magazine-th… Значи колку и да се трудиш да заштитиш некоја ваква манифестација, пак може да се најде некој кој што ќе може да ја хакне. Ние сме тие што треба да одлучиме дали ќе бидеме совесни, или пошто тоа слабо ни иде, ќе бараме начини да ги заобиколиме и прекршиме правилата. А со самите коментари потврдувате дека веќе поголемиот дел од вас работи на проксирање и рестартирање на модеми, пишување скрипти и "ROUTER NAT" хахахаха ова стварно ме изнасмеја. Престанете веќе еднаш со надмудрување и одделете барем 5 минути да прочитате нешто пред да напишете некоја глупост, така и вие ќе научите нешто… NAT на пример воопшто нема врска со јавни IP адреси, туку прави локални сабнети од дадени слободни опсези, кои што не смејат да постојат во јавната мрежа односно интернетот…

    И да … да одговорам на некои идни прашања – не сум номиниран никаде, ниту пак имам некои фаворити, или пак сакам некој конкретно да победи.

    Епа поздрав

    2/2

  12. Браво! Значи неможе да помине ниту еден настан организиран кај нас без задолжителните тролови и "незадоволни" натпреварувачи… Ако не ви се допаѓа начинот на кој е организиран, може слободно да не учествувате, ниту како публика, ниту како натпреварувачи. Верувајте дека не постои начин да се организира било каков настан од натпреварувачка природа, кој ќе ги задоволи сите.

    Секогаш се бара компромис, дали да се дозволи да одбере публиката или жирито? Каков ќе е односот на гласови? Дали публиката е по-компетентна да избере, пример добар и функционален дизајн (за најдобар сајт…), или пак некои "експерти" што стварно се бават со таа работа? Па ако поголем приоритет се дава на публиката, некој ќе праша зошто, па може тоа да се мести, па ова, па она, па ке победи оној со најмногу другарчиња… а ако се даде приоритет на жирито, пак зошто, па жирито е наместено, пристрасно и слично… Нели? Секогаш може да се најде замерка.

    1/2

  13. Па Се знае што е најдобро неможеме да измислуваме топла вода.Кога се работи за сајт,то Треба да биде со убаво среден и смислен дизјан,да има лесна навигација,брзо да се вчитова и нормално содржина.Ов асо содржината е дискутабилно за секој има различни работи кои му требаат,али у никој случај не би било тоа сајт кој е фанстрана за фудбалски клуб,или општински сајт.

    1. А, се извинувам, кој дел од Добро смислен дизајн, лесна навигација, брзо вчитување, и нормално содржина, го нема fcinter.com.mk. Или не може да го има бидејќи е фан сајт на фудбалски клуб. Или пак probistip кој имаат најдобра општинска страна во Македонија….

      1. Фан сајт на фудбалски клуб или сајт страна за општина да бидат сајт на годината?! Па тоа е нечуено. Мислам, алоо, фанови океј, али се бира сајт од цела земја што се покажал добро во цела година, освен фановите на тој клуб тој сајт никој нит го знае нит го користи. Да не правиме муабет за овој за општинава. Ајде ако не да го избереме влада сајтот глупост! И не, не само поради тоа што се фан клуб и општина туку пред се’ поради содржината. Која содржина ја нудат тие сајтови?? Ако не живеам во таа општина ме заболе што пишува на сајтот – крај! Ако не сум фан на клубот-крај! Колку е тоа ограничено за да биде избрано за сајт на годината. Never mind, не сте реални и очигледно пристрасно гледате зошто се ваши сајтови. Како и да е, послушајте некој што е непристрасен и најдобро ќе видите!

      2. nemoj da me zaebava fcinter e se samo ne dobar sajt….so web dizajn se zanimava poveke ok 5 godini,i ako gledame spored vasite top5 nominacii na irvi dve mesta b gi stavil mafia i tutoriali. aj pozdrav.

    1. И сега прашањето за милион долари е „кој заслужува да победи?“ И на крај пак ќе се сведе на колку глави толку мислења :)

      Могу озбилно и при срце ги сфаќате ваквите натпревари. За пари да беше, ај некако ќе разберев. Од предновогодишна забава, направивте покољ :)

  14. Па ако продолжи вака, ни 30% од гласовите на жирито нема да сменат да победи на пример оној кој води во моментов – fcinter, затоа што води со повеќе од 30% : )

    Дали ова значи дека ќе доживееме да победи сајт за кој гласаат фанови на фудбалски клуб од емотивни причини, пред се малолетна публика, а не поради тоа што е квалитетен проект?

    Незнам дали е дозволено, но сигурно не е етички одредени сајтови ко барајбарај и црнобело на нивните фан страници на ФБ да повикуваат да се гласа за нив.

    1. Ако ме прашуваш мене добар сајт е оној што има и добра публика која е “врзана“ за сајтот и гласа на ваквите натпревари. Зошто и тоа да не биде карактеристика на добар сајт?

  15. Ако некој сака да забушава и да прави мајмун од себе ќе го направи тоа, па и ДНК да се проверува. Ни фејсбук ни твитер нема да ги ограничи… милион листи од фејсбук профили кружат на нет, исто толку од твитер.

    30% гласови од жири значи дека одличен проект без ниеден глас може да победи. Така да не се замарајте со овие ствари. Гласајте си љутски. Дека ќе победи најдобриот не се ни сомневам.

    Во духот на тролањето, сигурен сум дека мрчаторите погоре се исфрустрирани сопственици на дел од сајтовите али јбг…

    1. E kako ova odlicen priekt so nieden glas moze da pobedi.Zasto ondak glasame uopste,ako e taka znaci glasovite od publikata ne se racunaat.SPored procenualnosta publikata treba da odbere 5-10 najdobri i od tie zirito da odluci koj ke pobedi.E toa e veke nekoj si pogolem procent na fer i realno igranje :)

      1. И мене ми логично и фер публиката да ја филтрира оргомнава листа, а потоа жирито да го одбере победникот.

      2. немојте да ситничарите, поентата ми беше дека на крај сепак ќе преовлада стручното мислење.

  16. Damjan ok toa samo sto ova nekako nema da e relavantno i glasanjeto od favoriziranje na najdobriot sajt ke se svede na favoriziranje na odredena publika, primer lokal patriotizam, navivanje od navika primer napred Inter sto i ne mi smeta mnogu:

    fcinter.com.mk (13%, 265 глас/а)
    probistip.gov.mk (10%, 204 глас/а)
    mafia.mk (10%, 199 глас/а)

    Ako toa e sajtot sto e najdobar i ke pobedi najdobriot jas sum za Probistip portalot na opstinata.
    Samo napred!

    Samo sto spored mene nema da e vo kontekstot: "Da pobedi najdobriot"

    Ova e samo moe mislenje, nemora nisto da znaci

  17. Дечки, chill out. Гласајте, ако на некого му се замара цели денови да користи проксиа или да изнаоѓа методи за да изгласа некој сајт или фирма, слободно… мој совет: наместо тоа, времето да си го искористи за поразумни ствари.

  18. Не сте ми јасни со коментариве, ке седнете на нет ке буљате у монотоната жута штампа и ке бидете срекни се додека некој не направи нешто повеке и поинтересно е тогаш се расплинувате како ова вака како ке потврдиш како ке станеш инстант експерт…..
    Дајте или придонесете за да има било какви подобрувања или одје*ете и читајте си дневен хороскоп.

    Се извинувам на нормалната маса на луге постов е наменет за останатите со IQ еднаков на собна температура …

      1. Штета што не дочитуваш постови може и ке се пронајдеш во некоја реченица.
        А кога сме веке тука да ми ги разјасниш коментарите со тоа што ке ми кажеш колку да скролам надоле да ти ја најдам фирмицката , или чисто онака без интерес делиш совети од ниво на експерт хм?

    1. Ако сакаш да собираме лични информации за да се гласа, не доаѓа во обзир. Ако сакаш да користиме вообичаени алатки/плагини за гласање тогаш тоа ќе го направиме. Плус 30% од гласовите ќе дојдат од жирито со што ќе избегне местењето со гласови.

      1. Батко еве ќе коментирам неколку работи за кои мислам дека и ти и сите други ќе се сложите:
        1. не може да се гласа од една ип адреса ( корпоративен интернет, комшии што си делат нет, … ) иако сите тие се различни луѓе! Зошто ова треба да се овозможи! Коментарот погоре вика дека лимитацијата е по колаше и по ип адреса, но има коментар погоре … бриши колачки и ресетирај модем … и Баба ратка го може тоа …
        2. Корисниците може да се регистрираат за гласање со вметнување на каптча, да користат твитер, фејсбук, … но сепак вие сте тие кои ќе ја гарантираат безбедноста со хеширање на нивните податоци.
        3. Ко за крај барем ставете каптча барем да спречите сите тие кои почнале со припрема на скрипти за гласање кои верувај како што е ситуацијата кај нас нема шанси да можете да ги филтрирате гарантирано!

      2. Леле, браво.

        Се вљубив во тебе.

        Жалам што неможеме веќе да номинираме #MKFAIL-овци на годината… :(

      3. а да заборавив да спомнам дека ресетирањето на модемот му зема правото на глас на друга ип адреса … :( .

    1. Што има „инстант експерт“ тука? Публиката пријавува, публиката гласа. Што не е јасно? На крај и ти си публика, ако ти се допаѓа гласај, ако не слободно продолжи да си сурфаш…

      Расположен сум и прифаќам критика ама кога има место за неа. Не и сега.

    1. Се филтира по cookies и IP aдреса. Плус на крај ќе се разгледаат логовите и дополнително жирито ќе одлучи со 30% од гласовите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии