Започна E3 Expo 2011-та, претставени Modern Warfare 3, Kinect игри и Minecraft

Саемот го отворија Micrоsoft кои се заблагодарија до фановите и објавувањето дека 2010 била најдобра година за Xbox360. Во првиот дел се презентирани неколку блокбастери за Xbox360 меѓу кои Crystal Dynamic ја презентираше Tombraider, EA Games ги презентираше Tiger Woods PGA, Fifa, Madden NFL, Sims3 и Mass Effect 3 и најави целосна подршка за Kinect во следните продолженија на овие игри. Визуелно се презентираше Kinect engine-от за Mass Effect 3, кој овозможува целосно гласовно и контролирање на карактерот со потезите на телото. Првиот дел го заврши Ubisoft со презентација на Kinect можностите на нивната нова игра Tom Clancy’s Ghost Recon: Future Soldier. Презентацијата можеби најдобро ги покажува можностите на Kinect, а во секој случај управувањето изгледаше поелегантно од останатите.

Се презентираа новитетите за Xbox LIVE, меѓу кои гласовната контрола за избор и селектирање помеѓу музика, игри, видео и најновата опција Xbox LIVE TV. Во овој дел се објави и соработката на Xbox360 со Youtube, и нов и подобрен пребарувач за LIVE содржини во соработка со Bing. Се објави и соработката со следниве телевизии: Sky, Chanel5 и Fox, како ексклузивост беше најавена и соработката и преносот на Ultimate Fighter Championship кој ќе може да се следи единствено преку XboxLIVE. Беа презентирани ексклузивни игри за Xbox360 меѓу кои: Gears of War 3, Ryse, HALO Anniversary, Forza Motosports 4, Fable the Journey и изнедувањето Minecraft!. Во овој дел на конференцијата Disney ја објави соработката со Microsoft за Кinect игри и фамилијарни игри кои користат Кinect контролер.

Пред самиот крај од Кудо Тсунода презентираше неколку алатки за прилагодување на Кinect помеѓу кои: алатка која ги скенира играчите за креирање на виртуелен аватар, алатка за следење на прстите и 3D цртање. Овој дел заврши со презентација на неколку продолженија на игри кои веќе користат Кinect.

1 коментар на “Започна E3 Expo 2011-та, претставени Modern Warfare 3, Kinect игри и Minecraft

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии