Започнa CEE Startup Challenge

Дејан Соколоски

во Вести

CEE Startup Challenge во организација на CEE Business Angels Network и Vestbee започна. Станува збор за најголемиот европски онлајн натпревар за стартапи и скејлапи во регионите Централна и Јужна Европа.

На натпреварот се добредојдени сите компании од регионот кои имаат решенија во некои од следниве индустрии:

  • Транспорт и логистика
  • Недвижнини и градежништво
  • Индустрија 4.04
  • Енергија и зелена технологија
  • Агрокултура
  • Паметни градови и паметен дом
  • Вселена
  • ICT & Big Data

Натпреварот го поддржуваат и Innovation Hub и X100lab кои на најдобрите стартапи ќе им помогнат со експертиза. (Листата на награди и придобивка е подолга и не е затворена за повеќе податоци посетете ја страница на натпреварот)

Како и на претходниот стартап натпревар организиран од CEE Business Angels Network и Vestbee и овој пат најважна е можноста за вмрежување.  Најдобрите ќе имаат можност да се претстават пред инвеститори, компании и медиумски партнери. Дополнително, ќе биде обезбедена и помош при развој на бизнисот од искусни ментори, а ќе бидат организирани и посети на најважните регионални настани. Најголемата придобивка е излегувањето пред потенцијалните инвеститори.

Пријавувањето е веќе започнато, и трае до 9 ноември. За повеќе податоци за натпреварот посетете ја веб-страницата на натпреварот, или Twitter и Facebook каналите на Vestbee.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии