Запленети над 3,000 ЦД-а во Дебар

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Инспекциските служби на Министерството за внатрешни работи и Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост започнаа со превземање на нов бран на акции против пиратеријата во Македонија. Првичните резултати беа постигнати по спроведувањето на контроли во над 10 продавници во Дебар.

При контролите во една од нив се соочи со присилно затворање од 30 дена, и беа запленети над 3,000 пиратски ЦД и касети за само еден ден.

Председателот на Кооринативното тело за заштита на интелектуална сопственост Мите Костов најави повеќе вакви акции шируш цела Македонија. Беше изјавено и дека во Струмица е откриена незаконска апаратура каде што се вршело обемно производство на пиратски ЦД-а за целиот регион.

Голем број на странски организации ја рангираат Македонија како земја кој се соочува со огромен проблем кога е во прашање пиратеријата и апеираат до властите да превземаат мерки.

Само во Јануари во Македонија, на оптадот Дрисла, беа уништени над 50,000 пиратски ЦД-а.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии