Во случај да припаѓате на малата група од корисници кои и понатаму „режат“ најразлични CD-a и DVD-а, тогаш AnyBurn би можела да се истакне како интересна алтернатива на вашата стандардна алатка за оваа потреба.
AnyBurn може да запишува податоци на медиј, да создава аудио CD-a, да прави и запишува слики (се мисли на форматите како iso), како и да копира цел диск. Паралелно со ова, можете да конвертирате формати на слики, како и да извлекувате фајлови од претходно изрежани аудио CD-а. На располагање имате и поддршка за работа со Blu-ray дискови.
Авторите ветуваат дека нивната петта верзија на програмот се испорачува искоренета од бројни багови и со поддршка за работа со USB стикчиња. Од официјалниот сајт, можат да се преземат 32 и 64 битни верзии на AnyBurn. По потреба, имате и пренослива верзија.

Кога ја видов статијава за момент помислив дека сум некаде во 2005-та.