Hola e додаток за Chrome и Firefox кој ќе ви овозможи да гледате видеа на Hulu, BBC iPlayer, CBS, Netflix, Fox, Pandora и iTV без разлика во која држава живеете. И бидејќи Македонија се наоѓа на таа листа на блокирани држави, овој додаток ќе ви помогне доколку сакате да ја прегледувате видео содржината на некој од овие сервиси и телевизии.
Секако ова можете да го постинете со менување на вашите DNS сервери, VPN или некои proxy сервиси, но со Hola Unblocker можете да направите целосно заобиколување со само еден клик. Исто така, Windows корисниците може да го инсталираат и Hola клиентот кој нуди нешто повеќе отколку самите екстензии за прелистувачите, а достапна е и Android апликација.
Raboti super!
Fala za ova.
Топ си функционира екстензијата. Екстра!
"Секако ова можете да го постинете со менување на вашите DNS сервери"
Каква врска имаат DNS серверите? Содржината се бликира по IP адреса на тој што пристапува. DNS нема врска со тоа.
А кога користиш VPN? Еве пример Unblock Us (http://www.unblock-us.com/) имаат специфични DNSа што треба да се постават.
го инсталирав во хромот и многу сајтови не можев да ги отворам, одкако ќе го исклучам во ред се сајтовите. не би го препорачал, или нешто не е во ред со мојот PC.
Можеби настанува некој конфликт кај тебе. Јас го користам и немам никакви проблеми со отварањето на било која друга страна.
Таа „заштита“ е ставена од легални причини – повикот да се „заобиколи“ е повик да се прекрши законот.
Кој закон? :) И досега можеше да користиш прокси или впн, па никому ништo.