Занзибар во борбата со маларија ќе користи дронови и паметни телефони

Прскањето против комарци е едно од решенијата кое овозможува справување со маларијата. Сепак, често е прескапо, па не е можно да се прска целата површина на која живеат комарци.

Решението кое го применува Занзибар е едноставно и прилично евтино. Со помош на дронови се мапира областа во која живеат преносителите на маларија. Во овие области се пронаоѓаат малите барички во кои може да се размножува комарецот. Дроновите летаат и фотографираат над територијата и креираат прецизна мапа на потенцијалните живеалишта, пишува Conversation.

Со помош на дронови кои се достапни во отворена продaжба, ќе може да се покрие и да се испрскаат со средства против комарци. За 20 минути дронот може да покрие 30 хектари и да пронајде каде има вода.

Во иднина овие дронови треба да се поврзат со паметните телефони кои ќе овозможат податоците веднаш да стигнат до тимовите за запрашување. Оттука ќе може да се наведуваат леталата и да се следи прогресот. Плановите за иднина се запрашувањето да се прави од истите летала.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии