Замени за Adobe Creative Suite доколку користите GNU/Linux

Во текот на минатата недела пишувавме кои алтернативи ги имаме на добро познатиот софтвер за кој се плаќа огромна сума, а листата која беше составена ги опфаќаше неколкуте апликации кои најчесто се користат. Инспириран и од дискусијата која се разви на форумот на темата „Linux како примарен оперативен систем“ и големиот број на коментари дека нема софтвер кој би заменил друг одреден софтвер од големите компании, еве една листа на софтвер како замена на пакетот од Adobe.

GIMP > Photoshop

Оваа замена веќе ја спомнав во претходниот текст, и овде дефинитивно ќе потврдам дека нема подобра замена за Photoshop од GIMP. GIMP до пред скоро време, односно до пред една верзија, немаше поглед на еден екран. Сите прозорци (историја, алатки, главна околина, …) сите беа како посебни, што претставуваше потешкотија за корисниците да навигираат помеѓу опции. Сега откако го решија тоа, GIMP потполно наликува на Photoshop и ги содржи сите опции кои ги има и PS.

Inkscape > Illustrator

Најблизок алтернативен софтвер до Adobe Illustrator кој се бави со векторска графика е Inkscape. Со Inkscape може да се постигне сè што може да се направи и со Illustrator на Adobe, а профитот од користењето на Inkscape е тоа што е бесплатен и со отворен код. Исто така, на располагање ви е и Inkscape блогот со туторијали кој редовно се ажурира и може многу работи да се научи од него.

[youtube]q8XORGTMjIs[/youtube]

KompoZer > Dreamweaver

Една алтернатива на WYSIWYG (What You See Is What You Get) уредувачот од Adobe, Dremweaver, е KompoZer, иако софтверот е малку out-dated (последна надградба е од 2010 година), но може да се справи со основите CSS и HTML.

Сепак, тоа е софтвер за користење од страна на почетниците, сигурно на некој што сериозно се занимава со таа работа не би му требало WYSIWYG уредувач. :)

Blender > After Effects

After Effects е софтвер без конкуренција помеѓу софтверите за ефекти и видео уредување и продуцирање. Сепак, кога би морале да избереме алтернатива, достојна замена на AE би била Blender.

[youtube]VmOFRkRjOSQ[/youtube]

Scribus > InDesign

InDesign е еден од софтверите кој се користи за уредување на весници и магизини, но доколку користите Ubuntu или некоја друга GNU/Linux дистрибуција, Scribus е бесплатен и слободен софтвер кој може да ви ја заврши таа работа.

VideoLAN Editor > Premiere

Уште еден софтвер од Adobe кој е навистина тешко да се замени е Premiere. Сепак, доколку ви е потребен софтвер за домашна продукција и лично видео едитирање, добра алтернатива е VideoLAN EditorСекако, не е толку моќен како Premiere, но за едноставни промени, правење некои сецнувања, додавање на видео/звук, одлично си ја врши работата.

И за крај, доколку професионално се занимавате со видео или фото едитирање, овие алтернативи сигурно нема да ви послужат, но доколку тоа го работите од хоби – дефинитивно можете да им дадете шанса.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии