Закрпата полоша од багот кој го поправа, Microsoft ја исклучи закрпата на Intel

Закрпата која Intel ја издаде за да го затвори пропустот за Spectre е полоша од самиот баг кој треба да го затвори. Поради ова Microsoft во целост ја исклучи закрпата која ја обезбеди Intel на Windows 10, пренесе Engadged.

Претходнo и Intel ги советувашe производителите на компјутери да престанат со надградбите. Microsoft пак ја деактивираше надградбата за Windows 7, Windows 8.1 и Windows 10. Исклучувањето на закрпате е привремена мерка додека Intel не издаде стабилна верзија.

Причината поради која е „отстранета“ надградбата е што истата е прична за рестартирање на компјутерите на кои е инсталирана. Корисниците засега треба да ја преземат и инсталираат надградбата рачно од Windows Update каталогот.

Дополнително, компанијата издаде и нов „registry“ клуч“ кој ќе им овозможи на безбедносните експерти на компаниите да ja вклучат или исклучат втората варијанта на Spectre заштита.

Meltdown и Spectre безбедносните пропусти се вистински кошмар за Intel. Неодамна излезе податок дека компанијата најпрво гi известила Lenovo и Alibaba, па потоа владата на САД. Ако има некоја добра вест за Intel, тоа е дека засега пропустот нема речиси никакво влијание на заработката на компанијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии