Законски промени за олеснување на инвестиции од бизнис ангели

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Измени во неколку членови во Законот за трговски друштва треба да помогнат за олеснување на добивањето на инвестиции од бизнис ангели. Инвестициите од бизнис ангели веќе постојат, но поради пречки во Законот за трговските друштва можностите не се искористуваат во целост.

„Со планираните измени во Законот ќе се овозможи користење на конвертибилен заем како механизам на внесување на пари при инвестиции“, вели Дејан Алексов, основач на Стартап Македонија и Адвокатската канцеларија Алексов.

„Член 29 од Законот за трговски друштва, може да го блокира инвеститорот во основање на наредна компанија, доколку претходната во која инвестирал има блокада на жиро сметка т.е. е презадолжена. Оваа пречка не е логична бидејќи инвеститорите не се занимаваат со секојдневното работење на компанијата во која инвестирале. Другиот проблем се јавува во тоа што, при секоја инвестиција бизнис ангелите со самото инвестирање мораат да влезат во сопственичка структура со земање на удел“, пишува на Електронскиот национален регистар на прописи.

За проблемите со кои се соочуваат инвеститорите за ИТ.МК претходно пишуваше г. Алексов:

Еден инвеститор влегува во пет стартап компании. Три од тие фукционираат добро, меѓутоа две од нив се презадолжени и имаат блокада на сметка од доверителите. Согласно моменталната законска регулатива, додека не се тргне блокадата од сметката, инвеститорот нема да може да основа нова компанија.

Со измените во Законот за трговски друштва ќе се овозможи полесно инвестирање во ризични компании. Промените треба да донесат развој на целокупниот стартап екосистем, преку развој на нов пристап за финансии за стартап компаниите.

Според најавата предлог законот се изготвува од 1 септември 2019, а рокот завршува на 31 октомври оваа година.

Повеќе за оваа проблематика може да прочитате во блогот на Адвокатска канцеларија Алексов.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии