Законот за заштита на личните податоци во Европа, стапува на сила оваа година

Европа наскоро ќе има нов закон за заштита на личните податоци. Законот е во подготовка од 2016 година, а од мај оваа година и официјално ќе биде во употреба во сите држави членки. Официјално стапува на сила 20 дена по објавувањето во службениот весник на Европската Унија. Законот официјално треба да стапи на сила од 25 мај, по што ќе следат големи казни за компаниите кои не ги исполнуваат своите обврски.

Иако најголем дел од одредбите ги влече од постоечката регулатива, новиот закон има повеќе измени во однос на постоечкиот. Една од најголемите измени е допрецизирањето на територијата каде се врши процесирањето на податоците. Со новиот закон, процесирањето на податоци собрани во Европа ќе се третира како да се прави во Европа, иако можеби процесирањето и не се прави на тлото на Европа.

Казни

Повисоки се и предвидените казни за компаниите кои ќе ги прекршат законот. Највисоката казна сега е 20 милиони долари и 4% од глобалнот промет, во зависност што е повиско. Казната се однесува на посериозни прекршувања, како собирање на податоци без согласност на корисниците или непријавување на пробивање на заштитата.

Барање на дозвола

Компаниите кои сакаат да соберат податоци од корисниците, нема да можат да се кријат зад правни замки. Прибирањето податоци мора да биде проследено со претходно презентирање на јасна форма со податоците и разбирлив текст со кој се известуваат корисниците.

Објавување на пробивањето на заштитата

Со новиот закон компаниите ќе мора да пријават кога се хакирани во било која од државите членки. Пријавуањето мора да биде објавено најдоцна 72 часа по настанот. Сите вакви настани кои се опасни за правото на приватност на поединците мора да бидат пријавени до корисниците и до контролорите.

Право да се биде заборавен

Еден од најголемите проблеми кои ги имаше Google во Европа беше со правото да се биде заборавен. Новиот закон  нема да го промени ова и корисниците ќе мора да обезбедат бришење на податоците, без никаква можност истите да бидат понатаму користени или распространети. Ова важи за податоци кои престанале да бидат релевантни и за податоци за кои е повлечена согласноста за користење.

Останатите промени може да ги разгледате на веб-страницата наменета за споделување на податоци за законот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии