Законот за медиуми ќе биде сменет, цензура ќе има само во согласност на Уставот и меѓународното право

Новиот текст на Законот за медиуми од вечерва повторно ќе биде достапен за разгледување и коментирање. Според Министерот Иво Ивановски vо новиот текст се направени низа промени за „допрецизирање и појаснување на дефинициите“.

Тоа што е најзначајна промена е што во новиот предлог-закон извршена е променет на членот 4 кој сега вклучува „Слободата на медиумите може да биде ограничена само во согласност со Уставот на Република Македонија и меѓународното право“. Еве го членот во целост.

„Се гарантира слободата на изразување и слободата на медиуми. Слободата на медиуми особено слободата на изразување на мислење, независноста на медиумите, слобода на прибирање, истражување, објавување, избор и пренесување на информации во насока на информирање на јавноста, плурализам, и разновидност на медиумите, слобода на проток на информации, отвореност на медиумите за различни мислења, уверувања и разновидни содржини, достапност до информации од јавен карактер, почитување на човековата индивидуалност, приватност и достоинство, слобода за основање на правни лица за вршење на дејност за јавно информирање, печатење и дистрибуција на печатените и други медиуми од земјата и странство, производство и емитување на аудио, аудиовизуелни програми, како и други електронски медиуми, самостојност на уредникот, новинарот, авторот или креаторите на содржини и програмски соработници и други лица, а во согласност со правилата на професијата. Слободата на медиумите може да биде ограничена само во согласност со Уставот на Република Македонија и меѓународното право“.

Променет и начинот на регистрација на веб порталите кои отсега нема треба да се регистрираат во Агенцијата за медиуми, но сепак сè уште е задолжителна регистрацијата во Централниот регистар.

За жал ситуацијата со агрегаторите сè уште е сомнителна, тие ако сакаат да преземаат повеќе содржини освен хипер линкот, ќе мора да склучуваат договор со секој електронски портал за да можат да го пренесуваат остатокот од содржините. Измена за агрегаторите ќе се случи во Законот за авторски права, известува Плусинфо.


IZJAVA IVO IVANOVSKI by dm_5126442af0645

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии