Заклучувањето на телефонот со отпечаток не е безбедно како што мислите

Најголем дел од производителите на паметни телефони, своите ексклузивни модели ги обезбедуваат со читач на отпечатоци. Без отпечаток телефонот не може да се отклучи и податоците на корисникот се безбедни. Отпечатокот на овие телефони, а и на дел од лаптоп компјутерите, веќе ги замени лозинките, но технологијата не е безбедна како што мислиме.

Истражувачи од универзитетите од Њујорк и Мичиген тврдат дека читачот на отпечатоци може лесно да се измами. Истражувачите креираа сет на „калауз“ отпечатоци кои можат да отклучат 65% од телефоните. Ова не зависи од производителот на телефонот, туку од отпечатокот на корисникот. Сетот кој го креираа се состои од карактеристики кои се вообичаени за повеќе луѓе. Тестовите се во лабораториски услови, а во реалноста оваа бројка ќе биде пониска, тврдат безбедносните експерти, пренесува New York Times.

„Секако не е премногу загрижувачко колку што изгледа во презентацијата, но е прилично лошо. Ако сакате да го земете телефонот и да купувате со Apple Pay, а јас можам да отклучам 1 од 10 телефони, тоа не е добра статистика“, вели професорот Енди Адлер.

Причината за небезбедноста е во начинот на функционирање на сензорот кај телефоните. Наместо цел отпечаток, кој е безбеден, телефоните отчитуваат само дел од прстот. Дополнително, за поедноставно отклучување, секој корисник има внесено повеќе отпечатоци, а треба да биде „погоден“ само еден. Доктор Насир Мемнон, кој е лидер на тимот на истражувачи вели дека резултатите укажуваат можно креирање на волшебна ракавица која ќе ги отклучува телефоните.

Она што е помалку проблематично со истражувањето е што презентираните резултатите не се тестирани и на телефоните. Дел од сензорите на телефонот за поголема безбедност скенираат подлабоко во кожата. Новиот сензор од Qualcomm користи ултразвук за креирање на 3д-отпечаток од прстот со кој ќе се заклучува и отклучува телефонот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии