Заклучувајте одредени страни во .pdf документи со PDF Page Lock 2

Кога ќе се јави потреба да споделувате одредени .pdf документи лесно може да се најдете во ситуација кога сакате одредени страници од документот да не бидат видени од сите. Наместо да го цепкате документот или пак да го делите на неколку различни документи, лесно можете да заклучите одредени страни. Кога примателите ќе го добијат документот, тие ќе можат најнормално да го отвораат, но секојпат кога ќе дојдат до одредена заклучена страна, истата ќе биде бела и со порака која вели дека страната е заклучена.

PDF Page Lock ви дозволува и да криете одредена страна. Во случај да сокриете страна, истата нема да биде видлива во документот.

На располагање имате четири опции. Lock ви дозволува да заклучите страна, Hide да сокриете. Со Unlock можете да ја отклучите страната, а со опцијата Unhide ја правите видлива. Со кликнување на копчето Save, внесувате лозинка и го шифрирате документот. Компанијата зад алатката исклучително се гордее со нивните напредни алгоритми и ветуваат дека онлајн сервиси и програми за кракирање не можат да ја разбијат заштитата имплементирана со алгоритамот AES-256.

PDF Page Lock се испорачува и во пренослива верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии