Заклучувајте го компјутерот со Eusing Maze Lock

Кога ќе се јави потреба да привремено прекинете со работа на компјутерот и да се оддалечите од работното место, солиден совет е да го заклучите компјутерот. Таквото нешто го спречува фрлањето на љубопитни погледи и ѕиркање онаму каде што се нема работа.

Екранот се заклучува со притискање на комбинацијата од копчињата Win и L. Кога ќе се вратите пред компјутерот потребно е да ја внесете лозинката, односно пинот и инстантно можете да продолжите со работа од онаму каде што сте застанале. Но, што доколку барате малку поразличен и, со тоа, поинтересен начин на отклучување компјутер?

Eusing Maze Lock ви дозволува да го отклучувате компјутерот така што цртате шема, слично како на една од можностите која ви се нуди за отклучување паметни телефони. Со апликацијата, можете да ја менувате и сликата која се нуди во позадина, како и да ја зголемувате комплексноста на шемата за цртање преку зголемување на мрежата од 3 на 3, на 4 на 4, или, пак, на 5 на 5.

Со четвртата верзија можете да го заклучувате компјутерот со кликнување на глувче или со комбинација од некои други копчиња. Паралелно со ова, можете да наместите компјутерот автоматски да се заклучува по одреден период на неактивност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии