Загребскиот MediaToolKit ви помага да ги најдете најинтересните вести на друштвените мрежи

Загребскиот стартап iStudio работи на нова верзија на MediaToolkit алатката која овојпат ќе треба да биде вистински чекор напред кон стартување на стартап. МediaToolkit е алатка која наоѓа локални содржини кои имаат потенцијал да генерираат интерес на друштвените мрежи.

Не е бесплатна, но пред се е наменета за уредници, новинари, брендовите и блогерите кои сакаат да привлечат публика. Актуелноста на содржините е одредена според бројот на споделувања на друштвените мрежи, поточно во првата верзија само од Facebook, но наскоро пристига и Twitter.

Според Филип Топол од iStudio во верзијата 2.0 ќе се овозможи прикажување на повеќе содржини до корисниците.

„Проблемот со старата верзија е што ја направивме од љубопитност и никој не очекуваше дека алатката ќе предизвика толкав интерес. Сега на почетокот започнавме со идеја за глобална комерцијализација, па и системот е така замислен.“, вели г.Топал во интервју за Netokracija.

MediaToolkit е едноставна за користење. По избор на категории  кои ве интересираат, ја додавате вашата веб страна, но и страните на медиумите кои ги следите. Ограничување е дека неможе да следите агрегатори и страни кои имаат доверлива содржина.  По направениот избор  алатката ви прикажува кои статии и содржини имале наголем број споделувања од читателите со што би требало и да се одреди актуелноста на темата.

Во иднина iStudio ќе се посвети на продажба на алатката која е забавена во исчекување на верзијата 2.0. Компанијата се надева на одлични резултати до крајот на годината.