Заедничко гледање видеа на Facebook

Гледањето најразлични видео материјали е, обично, активност за еден играч. Одгледувате видео и, доколку ви се допаѓа, го споделувате на Facebook и се надевате дека некој ќе го лајкне и ќе го потврди вашето верување дека имате исклучително префинет вкус. Но, што доколку никој не го лајкнува она што вие го сакате, а имате и неодолива желба да малтретирате група Facebook пријатели? За потребите на таквото нешто, Facebook овозможи гледање на видеата како група.

Watch Party функционира на тој начин што им дозволува на членовите од одредена група заеднички да гледаат бројни видео материјали. Еден или повеќе домаќини го започнуваат и контролираат преносот и покануваат пријатели да се приклучат на заедничкото впивање видео содржини и коментирање.

Facebook објаснува дека ваквото нешто знае да биде исклучително корисно за гледање поучни видео материјали за кои групата има интерес или пак за какви било групни активности, дури и заедничко учење. Наставниците, на пример, можат да приклучат група од 20 ученици и да пуштат одредено видео, каде во паузи може детално да се објаснат сите проблематични области. На овој начин, наставникот добива уникатна можност за дополнително дообјаснување во ситуации каде индивидуалниот пристап не е потребен, а учениците се наоѓаат во домашна, технички поткована атмосфера каде лесно можат да се втурнат во дополнителни проверки и поттикнување на бури од идеи.

Сега за сега, Watch Party не може да се користи надвор од групи, но Facebook верува дека ќе може да пружи пофлексибилни можности каде полесно ќе можат да бидат вовлечени сите пријатели и членови од семејството, сè со цел да се подобри квалитетот на заеднички искуства.

Сите оние кои управуваат со групи, ќе ја забележат опцијата Watch Party во полето за статуси. Она што треба да направите е да ја селектирате опцијата, да кликнете на Add Video, да ја најдете или прикачите саканата содржина и потоа да изберете на Add to Queue. Штом сте спремни, кликнете на Done, напишете го статусот и започнете да поканувате луѓе. Штом некои ви се приклучат на гледањето, ќе ги забележите нивните слики на долната страна од екранот.

Во Watch Party најдобро се ужива со пуканки во рака. Но, ние не ви го кажавме тоа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии