Забранете споделување на приватни информации со NetStalker

Секој пат кога ќе воспоставите интернет конекција, одредени апликации на вашиот компјутер си земаат за право да споделуваат одредени приватни информации со трети лица (најчесто до развивачите на софтверот). Она што во таква ситуација обично ви треба е софтвер за надгледување на мрежата, еден вид дополнителна заштита која ќе ги спречи сите ингеренции за споделување приватни информации уште пред и да се појават.

SterJo NetStalker ги идентификува сите конекции до мрежата од вашиот компјутер и ви дава избор дали да ги одобрите или пак да ги блокирате. Алатката врши подеднаква детекција на одобрени и неодобрени конекции, што значи дека многу тешко ќе дозволи да се провлече нешто незабележано и без ваша дозвола.

Самата програма функционира на тој начин што ги надгледува овозможените TCP и UDP конекциите. За некоја апликација да проба да пристапи до интернет мора да помине низ овие конекции, а тоа е моментот кога апликацијата привремено го блокира пристапот и бара од вас зелено светло.

Со покренување на апликацијата добивате увид во сите процеси кои имаат пристап до интернет како и детали за серверите до кои се приклучени. Овде, се препорачува да кликнете на копчето Trust доколку им верувате на сервисите или на Kill Process доколку сакате да им го отсечете пристапот. За подобра информираност, обично имате на располагање дополнителни детали за секој процес.

Со застарениот изглед, NetStalker 1.3 дефинитивно нема да импресионира никого, но сè е онаму каде што би очекувале да се наоѓа, а интеракцијата е дополнително олеснета со бројни можности за сортирање на понудените информации и олеснето справување со сите ново-воспоставени конекции, како и нивно одобрување, односно деактивирање. Filter Traffic можноста автоматски блокира конекции кои не се поклопуваат со правилата на Netstalker, со исклучок на оние пристапи за кои вие веќе сте го дале зеленото светло. Дополнителен плус е можноста да добиете увид во тие правила, како и да креирате некои ваши, тоа го наоѓате со кликнување на копчето Create a new rule.

NetStalker е интересно парче софтвер кое не застанува тука. Покрај можноста за повисок степен безбедност, инсталациона или пренослива форма, апликацијата ви дозволува и да видите колку интернет сте „потрошиле“ за време на сесиите, односно колку работи сте преземале (download) или поставиле (upload), како и со која брзина се изведувала таквата операција.

Преземете ја алатката тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии